Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В.д. амбасадорот Ерик Мејер: Разбивањето на корумпираните мрежи е најтешкиот предизвик пред нас

0
By Соња Крамарска on September 29, 2022 ВЕСТИ
Од денешната конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 29, 2022 13:40

„Борбата против корупцијата е еден од главните приоритети на амбасадата – и клучен приоритет на Белата куќа за Западен Балкан. Соединетите Држави се многу насочени во борбата против корупцијата и подобрување на напорите за владеење на правото во Северна Македонија. Ја гледаме вредноста во инвестирањето во иднината на Северна Македонија преку притисок за подобрена владина транспарентност и одговорност“, рече денеска вршителот на должност амбасадор во американската амбасада во Македонија, Ерик Мејер, во своето обраќање на завршната конференција на проектот Мониторинг на националните акции за борба против корупцијата што го спроведува Институтот за човекови права.

 „Но, јас не го кажувам сето ова – и не ги правиме овие значајни инвестиции – исклучиво во корист на американските интереси. Нашиот фокус и нашата цел се да помогнеме да се создаде подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија. Граѓаните на оваа земја заслужуваат институции кои работат за нив и тие заслужуваат иднина цврсто вкоренета во добро владеење и силно владеење на правото“, порача тој.

„Премногу често слушам во моите разговори со брилијантни, ветувачки млади луѓе низ Северна Македонија дека се разочарани од институциите на нивната земја и се надеваат дека ќе ги пренесат своите вештини во странство. Тие се разочарани од недостатокот на можности овде и од она што го гледаат како нерамномерно поле за игра кое бара политички врски за да напредуваат – или, уште полошо, дека овие политички врски ќе ги поткопаат напорите за позитивни промени“, рече Мејер.

Тој упати и подиректна порака: „Недостасува огромно парче во антикорупциската сложувалка во Северна Македонија. Земјата мора да најде начин да ги разбие заднинските политички мрежи кои овозможуваат цветање на корупцијата. Мора да постои вистинска политичка волја да се запрат овие мрежи. Досега, напредокот на овој фронт сериозно недостасуваше“, рече американскиот претставник.

Тој подвлече дека ако моќните политички интереси го поттикнуваат институционалното, како што рече, однесување и ако познати корумпирани актери останат влијателни, тогаш ни претстои екстремна тешка битка.

„Распадот на корумпираните мрежи е најтешкиот предизвик пред нас. Но, тоа е најважниот двигател на вистински промени во Северна Македонија и во Западен Балкан. Ќе биде потребна политичка храброст, но јас цврсто верувам дека оваа земја може и треба да биде на висина на задачата. Претседателот Бајден ја нарече корупцијата „рак“. Да не дозволиме да продолжи да ја мачи Северна Македонија -земја која е пријател, сојузник и наш стратешки партнер“, подвлече амбасадорот Мејер.

борба против корупција Ерик Мејер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.