НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска за Цивил: Верувам дека опозицијата нема да ја опструира владината помош за граѓаните

0
By Соња Крамарска on October 16, 2022 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Со оглед дека се работи за финансиска поддршка на најранлива категорија на граѓани во пресрет на економската криза и на енергетската криза, верувам дека и опозицијата нема да има опструкции во донесувањето на Законот, затоа што се работи за наши сограѓани, граѓани кои што час поскоро треба да ја добијат оваа финансиска поддршка од Владата“, изјави министерката за труд и социјална политика во ексклузивното интервју за Цивил.

Финансиската поддршка ќе им стигне на граѓаните на нивните трансакциски сметки, рече таа.

 „Примателите на правата од социјална заштита се веќе во системот на Министерството за труд и социјална политика односно во центрите за социјална работа во општините каде што овие лица приматели на некое од правото на социјална заштита живеат, така што нема да има аплицирање за правото, туку врз основа на состојбата од септември 2022 година, сите оние кои што се вклучени во правото ќе ја добијат финансиската поддршка на своите трансакциски сметки. Истото важи и на примателите на пензија за пензионерите до 14.000 денари во системот се со состојбата септември 2022 година, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги има сите корисници, така да ќе бидат исплатени средствата преку Фондот на сметките на овие граѓани, и на правото согласно Законот за материјално обезбедување во системот на Агенцијата за вработување ги има сите оние кои што го остваруваат ова право“, рече во интервјуто за Цивил министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Така се олеснува всушност и процедурата, вели таа, затоа што веќе во системот веќе ги има корисниците.

Околу механизмите за достава на помошта, министерката прецизира дека практично нема посебна процедура. „Многу се едноставни процедурите. Со оглед на тоа дека учиме од минатото (ковид пандемијата, н.з.), учиме од нашето искуство во спроведувањето на мерки и политики, и токму затоа за што поскоро да дојде финансиската поддршка до граѓаните, процедурите ги направивме многу едноставни, да нема аплицирање туку секој оној кој што остварува право од социјална заштита кој што е дел од антикризните мерки, да ги добие, нема потреба да аплицира, нема потреба да се јавува во институциите, туку ќе ја добие финансиската поддршка на својата сметка, зависно од тоа во која целна група припаѓа“, рече Тренчевска.

Таа вели дека имињата на примателите на помош ќе бидат објавени на веб страниците на институциите кои се вклучени во распределбата на помошта.

„Ќе бидат објавени јавно на веб страниците на институциите, Министерство за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување, на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, списоци на сите оние граѓани кои што се вклучени во антикризните мерки согласно системот со кој располагаме како институции. Како што реков и согласно состојбата на примателите на било кое право дали се работи за социјална заштита, за пензија, или за материјално обезбедување согласно системот со кој што располагаат овие институции и согласно последната состојба од септември 2022 година кога овие права беа исплатувани. Списоците ќе бидат достапни јавно за да си проверат граѓаните“, појасни министерката.

интервју Јована Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.