НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Злоупотребата на руските енергенси како оружје потврди дека енергетската независност на нашата земја е единствена исправна перспектива

0
By Соња Крамарска on October 18, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Злоупотребата на руските потенцијали со енергенси како оружје во политиката и војната во Украина, отвори дополнителни суштински прашања за стратегијата на нашата земја во однос на сопствената енергетска независност како единствена исправна перспектива, нагласи поранешниот премиер Зоран Заев на предавањето на темата „Енергетската и инфлациската криза“, што денеска се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа.

Заев посочи дека сценариото за енергетска самостојност и независност Северна Македонија започна да го применува уште од пред 3 или 4 години, кога создадовме поволни услови за инвестиции во фотоволтаици и ветерни електрани.

„До крајот на годината е најавено да заврши постапката за понудата на единствениот и конечен инвеститор за изградбата на проектот Чебрен на грчкиот конзорциум ППС, по што се очекува потпишување на договор за изградбана Чебрен, кој како идеа постои повеќе десетици години. Во последните две или три години, се најавија инвестиции во големи капацитети во фотоволтаични и ветерни електрани и во земјата влегоа двете најголеми компании за обновливи извори на енергија. Германската ПВД со ветерен парк со најголем капацитет во регионот, и „Акио Енерџи“ од Франција во соларен парк исто така најголем во регионот“, рече Заев.

Како посебно значаен Заев ги истакна придобивките што во себе ги носи проектот Александропули кој опфаќа ги опфаќа Гасниот терминал за течен гас од САД, Катар, Египет и други земји, и гасната електрана од капацитет од 800 мегават часови којшто, според бизнис планот на инвеститорите треба да бидат завршени до крајот на 2024 година.

Заев посочи дека Северна Македонија според сегашните потреби троши околу 400 милиони кубни метри гас годишно и ако нашата земја успешно го заокружи своето учество во овој исклучително значаен проект, со 500 милиони кубни метри гас, колку што Северна Македонија треба да обезбеди од вкупниот капацитет на терминалот, ќе се реши зависноста од гасот на Гаспром, односно од Русија.

Приклучокот и гасоводот од Александропули до нашата земја стануваат уште позначајни, истакна поранешниот премиер, ако се имаме предвид дека во развојната програма на АД ЕСМ е зацртана изградба на гасна електрана во кругот на РЕК Битола, гасна електрана во Скопје на грчката компанија Митилинеос, можна пренамена на ТЕЦ Неготино од мазут на гас или изградба на целосно нова гасна електрана до постоечката во Неготино.

Во меѓувреме како исправни Заев ги оцени политиките на владата со најновиот пакет мерки за да се зачува економската активност и да се обезбедат услови за социјална стабилност, кои ја вклучуваат и субвенцијата на цената на струјата до 80 отсто како поддршка за стандардот на граѓаните.

Зоран Заев предавање на Универзитет на Југоисточна Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.