Израел нема да испорачува оружје во Украина, изјави денеска министерот за одбрана Бени Ганц, откако украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба најави дека Киев од таа земја ќе побара системи за противвоздушна одбрана.
„Нашиот став во однос на Украина нема да се промени. Ќе продолжиме да го поддржуваме и да застанеме со Западот, но нема да испраќаме системи за вооружување“, рече Ганц, пренесува„Џерусалим пост“.
Тој додаде дека Израел понудил да и помогне на Украина да развие систем за рано предупредување.
Откако Киев ја обвини Русија дека користи беспилотни летала од Иран за цел на цивилна инфраструктура, Украина почна да врши притисок врз Израел да му обезбеди системи за вооружување или системи за противвоздушна одбрана.
„Доколку политиката на Израел е навистина постојано да се спротивставува на деструктивните акции на Иран, тогаш е време отворено да застане на страната на Украина“, рече Кулеба.
Израел одбива да обезбеди каква било воена помош за Украина поради загриженоста дека тоа може негативно да влијае на процесот на решавање на конфликтот меѓу Израел и Русија во врска со Сирија.