Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР со втора вербална нота за една недела до Бугарија за истапи против Македонија

0
By Соња Крамарска on October 21, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Бугарскиот пратеник Костадинов во својот настап ги премина границите на говор за добрососедство кон Македонија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 21, 2022 11:10

По изјавите на пратеникот и лидерот на бугарската политичката партија „Вазражадане“ Костадин  Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, македонското Министерството за надворешни работи, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија, соопшти утринава МНР.

Ова е втора вербална нота за само една седмица, откако минатата недела европратеникот Ангел Џамбаски во специјално снимено видео, упати навреди и клевети кон премиерот Димитар Ковачевски и кон нашата земја.

„Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави да го почитуваат и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“, се вели во нотата.

Бугарското Министерство за надворешни работи во реакција што ја објави на својата веб страница го осуди настапот на европратеникот Џамбаски и рече дека не оди во прилог на добрососедството со Македонија и на интересите, како што нагласи, на Бугарите во Македонија.

С.К.

 

Бугарија МНР вербална нота 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.