Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Решени сме да ги забрзаме реформите и целосно да се усогласиме со ЕУ во областа на даноците

0
By Соња Крамарска on October 21, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 21, 2022 15:29

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за Поглавјето 16, „Оданочување“, рече дека Владата и институциите работат на забрзување на реформите и подготовка на нашиот даночен систем за влез во системот на ЕУ, во областа на оданочувањето.

„Решени сме да ги забрзаме реформите во областа на даноците, со цел целосно усогласување со европските регулативи и стандарди и подготовка на македонското општество за полноправно членство во ЕУ“, рече тој истакнувајќи дека имаме напредок во намалувањето на административниот товар за даночните обврзници и постапката за поврат на ДДВ, но дека треба да се работи на капацитетот на даночната администрација и на ефективна автоматска размена на даночни информации со земјите членки на ЕУ.

Маричиќ се осврна на важните чекори што се преземени во оваа област, во зајакнувањето на националното законодавство и оперативниот капацитет, потенцирајќи ја Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година, која опфаќа правично оданочување, наплата на приходи, даночна транспарентност, квалитет на услугите и зелено оданочување.

На објаснувачкиот скрининг состанок беше присутна и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, која рече дека ова поглавје ќе донесе предности за бизнисот и македонските компании, пред сè во однос на помали административни трошоци, потранспарентен и посигурен бизнис и намалување на бирократските процедури.

„Свесни сме за предностите што ова поглавје ќе ги донесе на општеството во целина. Размената на информации со релевантните институции на ЕУ ќе придонесе за поефикасна наплата на даночните приходи и елиминирање на даночното затајување“, рече Лукаревска.

Маричиќ во своето обраќање, пред претставниците на Европската комисија, посочи дека од март 2020 година, се спроведува Твининг проект „Подобрување на наплатата на приходите и даночната и царинската политика“, со цел понатамошно усогласување на даночното и царинското законодавство со релевантното законодавство на ЕУ.

За административна соработка и заемна помош, Маричиќ кажа дека Владата има потпишано 49 договори за избегнување на двојното оданочување и спречување на фискална евазија, од кои 24 се склучени со земјите-членки.

Главниот преговарач со ЕУ Маричиќ напомена дека како членка на инклузивната рамка на BEPS, Северна Македонија учествува во преземањето мерки за спречување на можностите за даночно затајување и е посветена на спроведување на минималните стандарди на BEPS.

Денеска во Брисел покрај објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавјето 16, „Оданочување“, ќе се одржи и состанокот за Поглавје 25, „Наука и истражување“, со што се заокружуваат скрининг состаноците за Кластерот 3, „Конкуренција и инклузивен раст“.

Бојан Маричиќ Брисел скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.