НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очи силно затворени

0
By Ана Василевска on October 26, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Лажниот баланс и „неутралноста“ водат кон апатија и заблудененост на општеството. Тоа е просторот каде што, наместо да се откриваат фактите, се вгнездуваат идеите за популизам и авторитарно владеење. Како тоа? Едноставно, затоа што лажниот баланс што се промовира во јавноста предвидува подеднакво (најчесто некритичко) отстапување на дел од медиумскиот подиум за ултра-десничарскиот популизам и руската пропаганда.

Медиумите се само најмногу видливиот, но и највлијателниот простор каде што (крајно некритички) се промовираат национализмот, расизмот, верската омраза и вредностите својствени за диктаторските режими. Тоа е, практично, неограничен простор кој е без одбрана (без проверка на фактите и без критика) во кој Кремљ веќе две децении оперира низ светот. Оваа состојба е особено видлива во региони каков што е Балканот. Поствоените трауми сè уште не се залечени, а етничката, верската и политичката поларизација, придружени со длабоко вкоренета (политичка) корупција, сиромаштија и неразвиена политичка култура и медиумска писменост го деградираат општественото ткиво и ги блокираат демократските процеси.

За да стасаат до медиумите и да доминираат или да бидат во незаслужен „баланс“ со демократските вредности, ултра-десничарскиот популизам и руската пропаганда мора прво да се вгнездат во неколку стратешки области. Нив ги произведуваат и негуваат политичките партии и радикални групи во општеството. Богато наградени (финансирани) од Кремљ и другите центри на моќта низ Европа и пошироко, тие се вгнездуваат во економијата, културата, образованието, забавата и – во верските заедници.

Црквата е еден од најмоќните промотори на „рускиот свет“, но зад неа не изостануваат ни организации на граѓанското општество. Користејќи го влијанието на НВО секторот, антизападните, руските и ултра-десничарските пропагандни оперативци, користејќи ја обилната финансиска поддршка од Западот, удираат – по Западот и по демократските процеси во земјата. Така, добивате „невладини фолиранти“ кои во целост се во такт со пропагандните операции од Кремљ и/или со ултра-десничарските центри во земјата; може да е било која од балканските држави, Северна Македонија не е исклучок.

Преку стопанството, но и преку добро разработени канали во подземјето, Русија е присутна и во македонската економија. Финансиите што доаѓаат од Истокот (во случајов, не само од Русија), никогаш не доаѓаат сами. Тие секогаш имаат различни „додатоци“ во кои – со (не)видливи „спонзорства“ за домашните „патриоти“ и „верници“ од сите бои – ги зацврстуваат позициите на државите кои водат војна со демократијата дома и во светот. Се разбира, не може да се направи целосно равенство меѓу антизападната и руската пропаганда, но сите „придобивки“ на антизападната пропаганда секако ѝ одат во прилог на Москва.

Во македонскиот случај, институциите ни оддалеку не успеваат да се соочат со проблемите што ги предизвикуваат овие тенденции. Тие се длабоко вкоренети, особено во времето на режимот на Груевски. Последиците од тоа владеење не се надминати, меѓу другото и поради тесното и кревко мнозинство на прогресивните политички сили во парламентот. Влијанието од автократските и антизападните политички сили во соседството, неконзистентноста на политиките на ЕУ и хибридната војна што ја води Русија против демократскиот свет се дополнителни фактори за таа ранливост на македонското (и не само македонското) општество.

Со само еден краток поглед на општествениот и политичкиот пејзаж и сите канали на влијание што им се на располагање на антидемократските и антизападните центри на моќта, не е чудно што имаме ваков „баланс“ во медиумскиот простор.

Што да се прави? Прв чекор, потребно е да се отворат очите и да се согледаат вистинските состојби. Дури и една моќна ЕУ предолго ги затвораше очите пред добро осмислената стратешка игра на Путин и не го прифаќаше очигледниот факт дека тој води хибридна војна против демократијата во светот. Пропагандата и корупцијата се подеднакво моќно оружје како и огнената моќ на армиите. Дури и сега, кога е во тек ѕверската агресија против Украина, дел од политичките елити, медиумите и граѓанското општество ги држат своите очи силно затворени.

(„Очи силно затворени“ е наслов на Кјубриковиот филм од 1999 година.)
медиуми пропаганда руска пропаганда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.