НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Запленето оружје, дрога, злато во меѓународна акција за сузбивање на прекуграничен криминал

0
By Ана Василевска on October 30, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пронајдени се осум пушки, три пиштоли различни марки и калибар, како и по еден гасен, сигнален и пневматски пиштол, 356 парчиња муниција различен калибар, рамка за пиштол, 91 парче пиротехнички средства, 2,5 килограми висококвалитетен златен накит, 1,5 килограм наркотична дрога марихуана, 360 семки од растението „канабис“, поголем број различни пакувања и зипер кесиња со прашкаста материја, два метални детектори за откривање на метал во земја, 286 метални монети и накит од постаро време, 50.000 евра како и поголем износ на денари во различни апоени, во рамки на Заедничките акциски денови на Европол во периодот од 26 до 29 октомври, беше спроведена меѓународна акција „Акциски денови– JAД 2022 – Југоисточна Европа“ за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, недозволена трговија со дрога и сузбивање на прекуграничен криминал и илегална миграција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во операцијата покрај Република Северна Македонија учествуваа повеќе земји од регионот и земји членки на Европска унија, додека на граничните премини беа присутни и претставници од Фронтекс. Во нашата земја се вршеа зајакнати селективни контроли при влез и излез на граничните премини на патници, автобуси, патнички и товарни моторни возила. Освен полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на акцијата учество зедоа и  царински службеници од Царинската управа на Република Северна Македонија, преку своите мобилните тимови.

Носител на акцијата во Министерството за внатрешни работи, беше Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, а учество во реализацијата зедоа полициски службеници од повеќе надлежни организациски единици, како што се организиран и сериозен криминал, гранични работи, криминалистичко разузнавање и анализа,  меѓународна полициска соработка, како и Секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Струмица, Битола и Охрид.

Притоа, беше извршена контрола и преглед на 858 селектирани лица, 437 патнички возила, 10 товарни возила и 22 автобуси. При извршените прегледи, како и извршените 20 претреси на повеќе локации низ државата, при што се лишени од слобода 13 лица за понатамошна постапка.

За време на акцијата, откриени се вкупно 389 мигранти од кои  202 од Сирија, 80 од Авганистан, 34 од Мароко , 23 од Конго, 17 од Пакистан, осум од Палестина…

запленета дрога Министерство за внатрешни работи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.