НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ од Собрание: Неопходен ни е политички консензус за продолжување и завршување на преговорите со ЕУ

0
By Соња Крамарска on October 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска присуствуваше на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, на која се расправаше за Извештајот на Европска Комисија за Северна Македонија за 2022 година.

„Сметам дека ова е вистинското место каде треба да го дискутираме Извештајот и од каде треба да доаѓаат пораките за тоа како понатаму, особено сега, кога сме земја преговарач за полноправно членство во Европската Унија. Затоа како главен преговарач ќе иницирам воспоставување на рамка за соработка со Собранието и зајакнување на неговата улога во процесот“, рече Маричиќ.

Тој додаде дека очекува целосна посветеност од страна на пратениците и подадена рака за заеднички да ги надминуваат предизвиците кои следат на евроинтегративниот пат.

„Само обединети ќе можеме да ја исполниме оваа национална задача. Процесот на преговори е процес на целокупна општествена трансформација која допира до сите нас и до сите аспекти на општественото живеење. Затоа, верувам дека само со национален консензус и максимално вложување на Владата како носител на преговорите, но и администрацијата која е ’рбетниот столб на процесот, граѓанското општество, Собранието, бизнисите, академската заедница и сите други засегнати страни ќе ја исполниме заложбата да бидеме подготвени за полноправно членство во Унијата до 2030 година“, порача Маричиќ.

Евроамбасадорот Гир ги поздрави чекорите на Владата во решавањето на отворените прашања со соседите и во спроведување реформи кои земјава ја ставија на вистинскиот пат за остварување на една од стратешките приоритети.

Маричиќ во своето обраќање се осврна и на направената анализа на Извештајот од страна на Секретаријатот за европски прашања и рече дека има позитивен Извештај, прв после отворањето на преговорите на 19 јули оваа година, кој според него е објективен и ги потврдува реформите и напредокот.

Од аспект на вкупната подготвеност, оценката за нашата земја за 2022 година е „добро ниво на подготвеност“. Кога станува збор пак за напредок, генералната оценка е дека во околу 90 отсто од областите, имаме делумна или добра подготвеност. Извештајот оценува дека Северна Македонија го има задржано темпото на напредок и има подобрување во 23 од вкупно 43 области, односно поглавја, додека во останатите 20 области има ограничен или помал напредок“, посочи Маричиќ.

Тој рече и дека процесот на скрининг се одвива континуирано.

„Бидете уверени дека сите наоди и препораки во Извештајот ќе ги дискутираме заеднички и ќе ни користат како основа за ажурирање на Националната програма за усвојување на првото на ЕУ заедно со правото на ЕУ кое е презентирано на објаснувачките состаноци. Овој документ до крајот на годинава ќе биде ревидиран и ќе биде основа за подготовка на преговарачките позиции на земјата“, истакна Маричиќ пред народните избраници.

Бојан Маричиќ Извештај на ЕК Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.