Москва во саботата се повлече од договорот постигнат со посредство на ОН, тврдејќи дека Украина користела безбедносен коридор во Црното Море за да ја нападне нејзината флота.
Путин рече дека Русија го суспендира – но не и завршува – своето учество во договорот што овозможува безбеден премин до бродовите што превезуваат украински жито.
ОН велат дека таа ноќ немало бродови внатре во коридорот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека договорот ќе биде испочитуван и ја обвини Русија дека „го уценува светот со глад“ – тврдење што Русија го негира.
И покрај последиците, вчера 12 бродови со 354.500 тони храна, вклучително и жито, ги напуштија украинските пристаништа на Црното Море, соопшти украинското Министерство за инфраструктура. Ова претставува рекорден обем на извоз од почетокот на договорот за жито, рече портпаролот на воената администрација на Одеса, цитиран од Ројтерс.
Еднo од пловилата со 40.000 тони жито бил наменет за Етиопија, каде што постоела „реална можност за масовно гладување“, додаде Министерството за инфраструктура.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ја повика Русија да ја повлече својата одлука, велејќи дека загрозувањето на извозот на жито и ѓубрива ќе влијае на глобалната прехранбена криза.
Рускиот амбасадор во САД ги отфрли обвинувањата дека неговата земја ја влошува глобалната криза со храна, велејќи дека е неправедно да се критикува Русија.
Суспензијата доаѓа откако Русија соопшти дека ги проширила своите евакуации на окупираниот регион Керсон, и покрај тоа што во текот на викендот изјави дека се завршени.
Извор: Би-Би-Си