Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од денеска во грчките маркети „Кошничка за домаќинствата“ за борба против цените

0
By Соња Крамарска on November 2, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 2, 2022 10:08

Вкупно 51 категорија производи содржи т.н. „кошничка за домаќинствата” која од денеска се воведува во супермаркетите во Грција и има за цел цените на конкретните основни производи да останат исти или да има минимални покачувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Кошничката за домаќинствата содржи: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

Каталогот со производи, маркетите ќе треба секоја среда да го испраќаат до Министерството за развој и инвестиции на Грција, додека пак граѓаните, преку специјален сајт може да се информираат за производите и цените избрани од супермаркетите.

Минатата седмица грчкиот Парламент го изгласа амандманот што се однесуваше на „кошничка за домаќинствата” и предвидува маркетите со годишен профит од над 90 милиони евра, задолжително, до Министерството за развој и инвестиции на Грција да испраќаат листа со производи за широка потрошувачка (вклучени во кошничката), кои се неопходни за пристоен живот и обврзани се да биде вклучен најмалку еден производ од секоја категорија, чија цена ќе биде прифатлива и пониска во споредба со останатите производи од истата категорија.

Во случај да не се испрати листата со производи, предвидена е парична казна за супермаркетите во висина од 5.000 евра дневно, за секој задоцнет ден.

За помалите маркети, „кошничката за домаќинствата” не е задолжителна, туку е произволна.

Конкретната одлука ќе биде во сила до 31 март 2023 година.

Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата, да се задржат на што е можно пониско ниво.

 

 

 

„кошничка за домаќинствата“ Грција грчки маркети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормускиот теснец ќе биде отворен штом ќе се потпише…

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.