Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Банка на Англија: На Велика Британија и се заканува најдолгата рецесија во историјата

0
By Соња Крамарска on November 4, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 4, 2022 14:10

Обединетото Кралство ги крена каматните стапки од сегашните 2,25 отсто на дури три отсто, што е најголем скок на каматните стапки од 1989 година. Со ваквиот потег на банката на Англија цената на заемите се качи на највисоко ниво од кризата во 2008 година, кога банкарскиот систем во Велика Британија се соочи со целосен колапс, јави Би-би-си.

Но, ова рекордно зголемување на каматните стапки почна уште во декември, кога трошоците за живот во Обединетото Кралство почнаа забрзано да растат и на многу домаќинства во земјата им беше тешко да ги покријат основните трошоци.

Рецесија е кога најмалку два квартали по ред во една земја има пад во економијата. Во периодот на рецесија, типично е компаниите да заработуваат помалку, што се одразува на платите кои се намалуваат, а како резултат на тоа се зголемува невработеноста. Банка на Англија верува дека Обединетото Кралство уште од летово почна да влегува во рецесија и предвидува дека таа ќе продолжи и во текот на оваа година и првата половина на 2024 година, кога треба да се одржат општите избори.

Иако ова не е најголемиот економски пад во ОК, тоа би можело да биде најдолгиот од 1920-тите, кога рецесијата го зафати целиот свет.

Британскиот министер за финансии, Џереми Хант, кажа дека „инфлацијата има големо влијание врз семејствата, пензионерите и бизнисите, така што приоритет на владата е да ја ублажи што е можно повеќе. Каматните стапки растат насекаде низ светот, додека земјите се обидуваат да се справат со цените кои почнаа драстично да растат поради пандемијата и руската инвазија на Украина“.

Зголемувањето на трошоците за живот е највисоко во последните 40 години, а од септември досега цените се зголемени за 10,1 отсто. Банка на Англија смета дека зголемувањето на каматните стапки ќе ги поттикне луѓето да штедат и да земаат помалку заеми, што ќе го намали притисокот врз цените.

Иако зголемувањето на каматите ќе биде поволна околност за штедачите, оние со хипотеки, заеми и долг на кредитни картички сигурно ќе ги почувствуваат негативните последици од овој потег, пишува Би-Би-Си.

Извор: МИА

Велика Британија Рецесија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.