Учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје утрово пак се евакуираат. Наставниците им кажале да излезат во дворот каде што веќе има и полиција, а само што почнале часовите евакуирани се и учениците од СУГС “Владо Тасевски“ во Аеродром.
Од МВР велат дека утрово двете училишта добиле дојави за бомби и единицата за антитероризам веќе прави проверки.
Евакуацијата на учениците им стана пракса изминативе две недели по дојавите за бомби. Полицијата утврди дека сите досегашни дојави за подметнати бомби се лажни.