Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција

0
By Соња Крамарска on November 10, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 10, 2022 10:53

Бродот за сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, тргна. Ги поставува каблите со подводните слушалки, од кои добива информации за брановите за да може да ги одреди геолошките структури, откри министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

За бродот Nanco Swift на американската компанија „ExxonMobil“, во вторникот беше издадена навигациска информација (Навтекс), а Скрекас рече дека постои сериозна веројатност да бидат откриени искористливи количини на природен гас.

„Ова, би рекол дека е меѓу последните надежи што ги има светската рударска индустрија за фосилни горива за откривање наоѓалиште и сериозни резерви на природен гас во Југоисточна Европа“, истакна Скрекас, но и посочи дека сè додека не се завршат дупчењата и „не видиме што навистина има таму, сè друго е само проценки“.

Во однос на планираниот временски  рок, објасни дека сеизмичките истражувања ќе траат две години и врз основа на резултатите, целта е во 2025 година да почнат и првите пробни дупчења, а по две години односно во 2027-2028 година да се реализира првото продуктивно дупчење и производство на природен гас.

Сеизмичките истражувања за наоѓалиштата на природен гас ги најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, а Националната компанија за управување со јаглеводороди и енергетски ресурси (ЕДЕИЕП), соопшти дека во северниот дел на Јонското море планирани се 3Д геофизички истражувања, а западно и југозападно од Крит 2Д геофизички истражувања.

Извор: МИА

Грција истражувања за гас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

ВЕСТИ June 12, 2026

Прва награда за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60.…

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.