Косовскиот премиер Албин Курти го прифати барањето на американскиот амбасадор Џеф Ховениер да се одложи за 48 часа спроведувањето на одлуката за казни за граѓаните со „незаконски“ регистарски броеви.
Вакво барање американскиот амбасадор упатил во доцните часови до премиерот, што Курти го прифатил.
„Му благодарам на амбасадорот Ховениер за неговата посветеност. Го прифаќам неговото барање за одложување за 48 часа за изрекување глоби за нелегални таблички „КМ“ (и други). Среќен сум што ќе работам со САД и ЕУ за да се најде решение во следните два дена“, напиша Курти на Твитер.
Претходно властите во Косово предупредија дека од 22 ноември ќе ги казнуваат оние кои нема да ги сменат српските регистарски таблички на своите автомобили.