НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин не бира средства за да ја загуши проевропската влада во Молдавија 

0
By Соња Крамарска on November 22, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проевропската ориентација на Молдавија е под силен притисок на Москва. Немоќна да ги донесе на власт московските инсталации Русија ја изложи Молдавија на жесток енергетски притисок. Само минатата недела руските ракетни напади предизвикаа прекини на струја во половина земја, а минатиот месец Гаспром го намали снабдувањето со гас за една третина.

„Ние сме во ситуација на екстремен ризик“, изјави молдавскиот министер за инфраструктура и вицепремиер Андреј Спину. „Енергетската сиромаштија е критична – и ние сме само на почетокот на зимата“.

Запрашан за ризикот од повеќе прекини во врска со руските напади, тој рече: „Тоа се случи денес, дефинитивно … ќе се случи утре и во текот на целата зима додека не заврши оваа војна“.

Инфлацијата во земјата, една од најсиромашните во Европа, достигна 34 отсто, а Молдавците во просек се принудени да издвојат 70 отсто од приходите на своите домаќинства за сметки за комунални услуги, кои се зголемени за десет пати во споредба со минатата година.

Молдавија историски генерирала само една десетина од својата електрична енергија, при што околу 70 отсто доаѓа од електраната Кучиурган во Придњестровје и уште 20 отсто увезени од Украина.

Минатиот месец Украина го прекина извозот делумно поради руските ракетни напади врз нејзината електрична инфраструктура, додека Придњестровје на 1 ноември ненадејно го прекина извозот, наведувајќи го сопствениот недостиг на енергија.

Владата одговори барајќи од луѓето да заштедат енергија, охрабрувајќи ги општините да го исклучат уличното осветлување, велејќи им на бизнисите кои се потпираат на енергетски интензивни процеси да ги закажат овие часови надвор од шпицот – па дури и советуваше да не користат лифтови поради ризикот од затемнување. Владата купи и „илјадници“ резервни генератори и 200.000 тони јаглен за итно загревање.

Молдавија бара дополнително финансирање од 450 милиониевра од нејзините евопски партнери за да и помогне да ја спречи енергетската криза. На донаторската конференција во Париз во понеделникот, земјите ветија дополнителни пари; ЕУ одделно објави 250 милиони евра нови средства претходно овој месец.

Тешката социо економска ситуација предизвика протести во државата.

Неделни протести од илјадници луѓе го зафаќаат главниот град секоја недела. Тие се организирани од партијата СОР предводена од Илан Шор, поранешен градоначалник кој живее во егзил во Израел, кој беше санкциониран од САД минатиот месец затоа што работи на дестабилизација на владата „во интерес на“ Москва. Молдавската претседателка Маја Санду ги обвинува руските тајни служби дека помагаат во организирањето на демонстрациите.

И покрај очигледното користење на енергијата како оружје против проевропската ориентација на молдавската влада, последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека Молдавија нема намера да го смени својот европски курс.

Борјан Јовановски

 

 

Молдавија притисок проевропска влада Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.