НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Европските лидери од Стразбур : Можеби парламентот не е совршен, но треба да продолжи да се залага за реформи и демократија

0
By Ана Василевска on November 22, 2022 ВЕСТИ
Европски парламент Стразбур
Европски парламент Стразбур
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во срцето на европската демократија во Стразбур денеска со посебна церемонија се слават историските и законодавните достигнувања на Европскиот парламент во последните 70 години. Осврнувајќи се на повеќе аспекти од работата на парламентот низ децениите, европските лидери се согласни во едно – различностите се богатство на евопскиот континент.

„Европскиот парламент можеби не е совршен, но треба да продолжи да се залага за реформи и зајакнување на својата демократија додека ги слави различностите“, рекоа европските лидери на церемонијата по повод 70-годишнината на институцијата.

Роберта Мецола, претседателката на Европскиот парламент, ја започна комеморацијата на создавањето на Заедничкото собрание на Европската заедница за јаглен и челик во 1952 година, нагласувајќи дека оттогаш еволуирала во „единствениот директно избран повеќејазичен, повеќепартиски, транснационален парламент во светот.”

„Не сум тука да кажам дека сме совршени. Не сме“, им рече таа на своите колеги европратеници и еврокомесари кои се состанаа во францускиот град.

„Нашиот процес понекогаш е фрустрирачки, напредокот не е секогаш доволно брз или доволно длабок или доволно лесен. Мора да продолжиме да се реформираме. Мора да продолжиме да притискаме за позитивни промени, од ден на ден“, рече таа. „Но, јас сум горда на нашите достигнувања како наш начин да бидеме светилник на одбраната на демократијата, на начинот на кој никогаш не сме биле рамнодушни“.

Разликите  не се граница

Премиерите на Белгија, Франција и Луксембург се обратија пред парламентот како дел од церемонијата бидејќи трите земји се земји домаќини на телото.

Белгискиот премиер Александар Де Кро се фокусираше на неодамнешните и тековните кризи што ЕУ мораше да ги преброди, од КОВИД-19 до војната во Украина и зголемените цени на енергијата.

Тој тврди дека овие кризи фрлија светлина на тоа, како, националните и европските власти мора сè повеќе да соработуваат за да се справат со овие прашања.

„Ако навистина сакаме да ја зајакнеме нашата демократија, мораме да го зајакнеме и нашиот европски парламент“, рече тој, привлекувајќи аплауз бидејќи сите големи предизвици „се играат на меѓународно ниво и затоа мораме да ја зајакнеме нашата демократија на истото меѓународно ниво, а со тоа и на наше европско ниво“.

„Ни требате“, им рече тој на европратениците. „Потребна ни е вашата поддршка за да бидеме буден чувар. Сето тоа, треба со вас заедно  да се направи уште повеќе од Европскиот зелен договор до европската безбедност, енергетската безбедност и транзицијата кон миграциските реформи.

Неговиот колега од Луксембург, Ксавиер Бетел, инспириран од видеото во кое се повторува 70-годишнината од Парламентот, во меѓувреме се осврна на Втората светска војна.

Тој исто така нагласи дека како геј личност со еврејско потекло, можеби немал да ја преживее војната.

„Можеби сме различни, можеби имаме различни мислења, можеби имаме различно потекло, но ова богатство не е граница. Оваа различност е богатството на нашиот европски континент. И да не дозволиме да биде уништено. И ако славиме 70. годишнината од Европскиот парламент оваа година, оваа различност мора да остане силата“.

„Европски парламент, имате задача која е толку важна, таа е да не потсетите и на овие вредности“, продолжи тој.

Во 1952 година во Стразбур се одржа првата сесија на Заедничкото собрание на Европската заедница за јаглен и челик, што ја означи почетната точка на Европскиот парламент што го знаеме денес.

Низ децениите, шест европски земји прераснаа во унија од 27 земји-членки кои негуваат демократија, основни права, економска стабилност и раст. Парламентот беше клучен играч во развојот на Европката унија, растејќи од 78 национални претставници во 1952 година на 705 директно избрани европратеници денес.

„За 70 години собранието прерасна од сила во сила, од консултативно тело со ограничени овластувања до вистинска институција која ја опфаќа европската демократија и изразувањето на европското јавно мислење“, рече Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент во септември“, на  пленарната седница.

Како единствен директно избран, повеќејазичен, повеќепартиски, транснационален парламент во светот, тој е моќен форум за политичка дебата и донесување одлуки со законодавни и буџетски овластувања што влијаат на милиони граѓани на ЕУ.

Со цел да се обезбеди мир во Европа по ужасите на Втората светска војна е донесена Шумановата декларација, основачки акт на ЕУ 

Соработката меѓу европските земји по втората светска војна се интензивира во две клучни економски области, важни за повторно вооружување и војување: јаглен и
челик. Како институционална рамка за оваа соработка е донесена Шумановата декларација – создавање на првата наднационална организација во Европа, Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ). Таа во 1952 година,
ќе ги постави темелите на денешната Европска унија (ЕУ). Според тоа, на декларацијата на Шуман се гледа како основачкиот акт на ЕУ. Таа е презентирана од францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, на 9 мај 1950 година, така што оваа година се одбележува и 70. од Шумановата декларација.

Основачки членки на ЕЗЈЧ : Франција, Западна Германија, Италија, Холандија, Белгија и Луксембург. Тие беа првите од серијата на наднационални европски институции кои на крајот ќе станат денешната „Европска унија“.

Историски контекст

Во 1950 година, европските нации сè уште се мачеа да го надминат уништувањето предизвикано од Втората светска војна, која заврши пет години пред тоа.

Решени да спречат уште една ваква страшна војна, европските влади заклучија дека здружувањето на производството на јаглен и челик – според зборовите на Декларацијата – ќе ја направи војната меѓу историските ривали Франција и Германија „не само незамислива, туку и материјално невозможна“.

Се сметаше – точно – дека спојувањето на економските интереси ќе помогне да се подигне животниот стандард и да биде првиот чекор кон пообединета Европа. Членството во ЕЗЈЧ беше отворено и за други земји.

Собранието на Заедницата за јаглен и челик го промени своето име во Европски парламент во 1962 година и со децении стана моќно претставничко тело на 27-те земји на ЕУ кое ја дели законодавната моќ со Европскиот совет и има големи буџетски овластувања. Тој е единствениот директно избран, повеќејазичен и транснационален повеќепартиски парламент во светот.

Во сегашниот, деветти состав, Европскиот парламент има 705 пратеници од 27 земји, со 24 официјални јазици.

А. Василевска

Извор Еуроњуз

демократија Европски парламент Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.