По една година од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во советот на општина Македонска Каменица.
СДСМ и неколку независни советници се ново мнозинство во советот на општина Македонска Каменица.
Разрешен е досегашниот претседател од ВМРО – ДПМНЕ Љупчо Трајановски. Со 7 гласа за и 4 против за претседателка на своетот е избрана Анета Стојчевска.
Ова се случува само една година по локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство во повеќето општини во државата.
Во партиско соопштение по повод смената во Македонска Каменица, владејачката СДСМ обвини дека „локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ една година не работат ништо, не ги реазлиризаат ветувањата дадени пред граѓаните, не ги продолжуваат проектите на претходните локални власти или некои од нив ги присвојуваат“.
Градоначалник на Македонска Каменица е Димчо Атанасовски од партијата ВМРО-ДПМНЕ.