Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Менаџерот на Волмарт во САД пукал во колегите во собата за одмор

0
By Соња Крамарска on November 23, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 23, 2022 16:38

Сведок изјави дека менаџерот на Волмарт отворил оган врз колегите вработени собрани во просторијата за одмор во супермаркетот. Во пукањето загинаа шест лица.

Вооружениот напаѓач бил мртов кога го пронашла полицијата, изјави началникот на полицијата Марк Солески. Нема јасен мотив за пукањето, во кое исто така се ранети четири лица кои се наоѓаат во болница.

Пукањето, кое се случи во американската сојузна држава Вирџинија се случило кога познатиот супермаркет Волмарт бил преполн со купувачи кои пазареле за Денот на благодарноста.

Очевидец на настанот која е вработена во Волмарт рече дека работниците се собрале во просторијата за одмор како што обично правеле пред да им почне смената.

„Го кренав погледот, а мојот менаџер само ја отвори вратата и почна да пука“, рече таа додавајќи дека „повеќе луѓе“ паднале на подот. „Тој не кажа ниту еден збор, не кажа ништо, само пукаше“, рече жената пред чии очи се одиграл настанот.

Таа потврдила дека пукачот, кој користел пиштол, бил вработен во Волмарт.

Во САД оваа година имаше дури 40 масовни убиства. Дефиниција за масовно убиство е кога се убиени најмалку четири лица, не вклучувајќи го убиецот.

Нападот во Волмарт се случи три дена откако едно лице отвори оган во ноќен клуб за хомосексуалци во Колорадо, убивајќи пет лица и рани 17. Претходно оваа година, земјата беше потресена од смртта на 21 лице претежно деца кога вооружен маж упадна во основно училиште во Тексас.

Пукањето во Волмарт ги врати сеќавањата на друг таков настан во Волмарт во 2019 година, кога вооружен напаѓач, според полицијата, насочен кон Мексиканци отвори оган во Ел Пасо, Тексас и уби 22 лица.

Извор: Асошиетед Прес

Волмарт масовно убиство САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.