Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Метеорологот Славчо Попоски најавува промена на времето, дожд и снег од идната недела

0
By Соња Крамарска on November 24, 2022 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 24, 2022 11:24

До сабота времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди а ќе дува и слаб до умерен, особено денес и утре вдолж Повардарието и во источните предели, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Денес во западните предели ќе има услови за повремен слаб дожд, додека на планините над 1500 метри надморска височина ќе провејува слаб снег.

Ова за НоваТВ го изјави метеорологот Славчо Попоски, најавувајќи промена на времето, особено од почетокот на идната седмица.

„Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, а наутро истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Најстудено утро ќе имаме во сабота кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени“, вели Попоски.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува повремено засилен ветер од северозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 3 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 12 степени.

„Нов влажен и уште постуден бран од север се очекува во недела особено доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник кога се очекуваат нови врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне снег а снежната граница особено во западните и во северните предели локално ќе се спушти дури и под 1000 метри надморска височина, со што провејување на снег се очекува понекаде и во населените места“, најавува познатиот метеоролог.

На планинските места и скијачките центри, како што вели, се очекува ново формирање, како и зголемување на снежната покривка.

промена на времето Славчо Попоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.