НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: На светот му требаа цели 90 години да признае дека Гладоморот е акт на геноцид

0
By Ана Василевска on November 24, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска  се обрати по повод одбележувањето на 90 години од Гладоморот во Украина (1932-1933). Собранието беше домаќин на изложбата за сеќавање на жртвите од Гладоморот во Украина „Украина се сеќава, светот признава“.

„Дозволете, покрај тоа што Ви посакувам добредојде од име на пратениците на Собранието и во мое лично име, да упатам до Вас и апел за разбирање затоа што сум убеден дека после ова, никој нема да остане рамнодушен кон оваа човечка трагедија и кон овој период во кој се изгубила и најмалата допирна точка со тоа што значи да се биде – човек. Што значи да се сака, цени и вреднува човечкиот живот. Сечиј живот! Затоа што, нема помалку или повеќе вредни човечки суштества, нема повеќе или помалку важни човечки животи. Има добри и има лоши луѓе. Во принцип, секогаш е потежок патот што го поминува борбата на доброто против злото. Но, тоа што не разликува и ни дава сила да истраеме на тој трновит пат е цврстата волја, верба и надеж дека сме извлекле поука од минатото и сме се бореле на сите можни начини да не се повторат тие грешки и во иднина. Мислата дека сме придонеле кон промена на дискурсот и токму ние сме биле промената, без двоумење! За жал, историјата се повторува пак! Сега се други средствата, меѓутоа во принцип, намерата е иста и таа не е воопшто хумана. Да се покори на сите можни начини Украина и Украинците, а и агресорот е ист! Што е уште понелогично, се работи за земја членка на Советот за безбедност, кој што е еден од шесте тела на Обединетите нации, и е конкретно задолжен за обезбедување на светскиот мир и безбедност.

На светот му требаа цели 90 години да признае на ниво на влади или парламенти во голем број на држави од демократскиот свет дека Гладоморот е акт на геноцид а Европскиот парламент на 23 октомври 2008 година усвои Резолуција со која се признава Гладоморот како злосторство против човештвото. Тоа не е доволно! Злосторство или геноцид, тоа мора да се именува и да се викне толку гласно за да одекне и остави белег во сечиј ум и разум, во сечија совест и одговорност дека се посегнува по највредното, по најскапоценото – по животот! На деца, жени, стари и млади – без разлика, со сите однапред испланирани и спроведени систематски начини на истребување на еден народ и една држава. Толку системски што дури не се знае ниту точната бројка на жртви која според различни извори се движи од 4 до 15 милиони жртви! Тоа не се зрна песок, тоа се живи семејства, широки насмевки, успеси и солзи, тоа се човечки судбини!

Почитувани присутни, да не дозволиме да се претвори сè во пепел, премногу сме вложиле и сме жртвувале, ние, нашите предци, нивните предци. Да не дозволиме злото да затропа и на наша врата, затоа што на овој или на оној начин, ефектот се рефлектира на сиот свет, без разлика“, изјави претседателот Џафери во своето обраќање.

Војна во Украина Гладомор Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.