НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Нуланд во Лоѓ: Тесна координација со САД за време на претседавањето со ОБСЕ

0
By Ана Василевска on December 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Бујар Османи, денеска се сретна со Викторија Нуланд
Бујар Османи, денеска се сретна со Викторија Нуланд
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со Викторија Нуланд, потсекретар за политички прашања, во Стејт департментот, на маргините на ОБСЕ Министерскиот состанок при што најави тесна координација со САД за време на претстојното претседавање на Северна Македонија со оваа организација.

Како што соопшти МНР, двајцата разговора за одличните билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, кои постојано се збогатуваат а посебно се осврнаа на првите конкретни резултати од неодамнешното одржување на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји.

Во фокус на разговорите беше и соработката и сојузништвото во рамки на мултилатералните организации, како што е НАТО и ОБСЕ, а под лупа на новите светски тешкотии, предизвикани од руската непровоцирана агресија врз Украина. 

Во  контекст на ОБСЕ, Османи ја брифираше Нуланд за приоритетите на идното претседавање, при што нагласи дека покрај војната во Украина, како приоритет број еден, посебно внимание ќе им се посвети и на останатите кризни региони, зајакнувајќи ги дополнително мировните мисии на ОБСЕ на терен.

ОБСЕ може да помогне во изнаоѓањето на потребните решенија, со цел смирување на тензиите,  зајакнување на предвидливоста, обновување на каналите на комуникација и дијалогот. Сите страни мора да го признаат и целосно да го искористат потенцијалот на оваа платформа, истакна Османи.

Османи меѓу другото, најави тесна координација со САД, како и со сите други земји учесници на ОБСЕ, при реализација на активностите идната година, со цел да им се излезе во пресрет на најранливите категории на луѓе, стои во соопштението.

Бујар Османи Викторија Нуланд ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.