Министерството за внатрешни работи информира дека утре (2 декември) СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булевар „Илинден“ поради најавен протест од приватните превозници кој ќе почне во 6 часот.
Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на булевар „Илинден“ со булевар „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со булевар „8 Септември“ и околните улици.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.