НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рајмондо: САД не сака да ги прекине економските врски со Кина

0
By Ана Василевска on December 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската министерка за трговија Џина Рајмондо во вчерашниот говор на Масачусетс институтот за технологија (МИТ) изјави дека Вашингтон не сака да ја прекина врската помеѓу двете најголеми светски економии – САД и Кина.

„Мораме да продолжиме да работиме со Кина. Трговијата со Кина ги поддржува работните места во Америка“, посочи Рајмнондо.

Таа додаде дека САД мора да вложат повеќе напори за да бидат поуспешни во натпреварот со Кина.

И покрај сите тие предности, и ги има многу, ефективното натпреварување со Кина нема да биде лесно, ќе бара напорна работа од сите, не само од владата, посочи Рајмондо.

Таа ја претстави нова стратегија за поуспешна конкуренција.

„Имаме намера да го зајакнеме нашиот систем за контрола на извозот, да ги подобриме механизмите за проверка на инвестициите, да ја зајакнеме отпорноста на нашиот синџир на снабдување и да развиеме иновативни решенија како одговор на кинеската економска принуда и кршењето на човековите права“, рече Рајмондо.

Според неа американската стратегија за контрола на извозот долго време „била прилично реактивна“ и фокусирана да се спречи Кина да ги прошири своите технолошки способности откако обезбеди пристап до американската интелектуална сопственост.

Американското Министерство за трговија во октомври објави низа мерки за контрола на извозот, сериозно ограничувајќи го кинескиот пристап до американската технологија за производство на чипови и значително ги засили напорите за ограничување на технолошкиот и воениот напредок на Пекинг.

Рајмондо истакна дека САД нема да дозволат Кина да се стекне со врвна технологија, што би ја користела за воени цели.

Кина е против американските контроли на извозот на полупроводнички чипови, тврдејќи дека тие им штетат на нејзините компании и на комерцијалните интереси на американските извозници.

економски врски Кина САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.