Во неколку скопски средни училишта денеска повторно имало дојави за поставени бомби.
Евакирани се ученици во седум училишта, меѓу кои и од „Јосип Броз-Тито“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“…
Од МВР велат дека ги проверуваат информациите за новите закани за поставени бомби.
Новите закани се по еднонеделно затишје по интензивните четири недели кога секојдневно имаше вакви закани во училиштата.