Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Приоритет и се дава на истрагата, но да се размисли и за обезбедување на училиштата

0
By Ана Василевска on December 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Оливер Спасовски
Оливер Спасовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 2, 2022 14:58

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на дојавите за бомби во училиштата кои од вчера повторно се актуелни, вели дека приоритет треба и се даде на истрагата, но дека ќе треба да се размисли овие објекти да имаат обезбедување, бидејќи само во едно од средните училишта во Скопје кое има свое обезбедување, досега немало дојава за бомба.

„Овде во Скопје, според информациите коишто ги имаме, само едно од средните училишта има свое обезбедување и таму не се појави никогаш пријава дека има лажна дојава за бомба. Нормално е дека приоритет и се дава на истрагата и веднаш после завршување на вештачењето ќе има реализација во овој дел. Прашањето е дали овие хибридни закани одат од еден центар или од повеќе центри. Веќе многу е распространето не само кај нас, туку и во соседството. Сега имаше дојави и во други држави на ЕУ и сето тоа се зголеми после руската инвазија на Украина“, изјави Спасовски, посочувајќи дека има осомничени.

Во однос на денешните дојави за бомби, рече дека во тек е проверката за Крива Паланка, а за дојавата за бомба во основно училиште во Петровец, појасни дека се работи за вчерашна дојава стигната на меил на директорката на училиштето.

„Директорката вчера воопшто не го видела мејлот и не го пријавила, дури денеска го видела и пријавила. Бидејќи имаме повеќе училишта со име „Кочо Рацин“ моравме да извршиме проверка кај сите нив. Во тек е проверката и за Крива Паланка,“ рече Спасовски.

Тој повтори дека дојавите доаѓаат најчесто од заштитени адреси од странство од каде е тешко да се дојде до факти и информации, поради што и не може да се покрене постапка. Спасовски вели дека е извршена комуникација со партнерските организации и дека преку меѓународна правна помош ќе мора да се обезбедат потребните информации и податоци.

„Покренавме и една постапка во Комитетот за борба против тероризмот затоа што такви дебати веќе се водат и во развиените земји. Мора да го измениме протоколот во којшто ќе се цени реалноста и објективноста во однос на постапувањето, меѓутоа сега таков е протоколот и мораме така да постапуваме“, рече Спасовски.

закани со бомби во училиштата МВР Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.