НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германскиот печат тврди дека уапсените екстремни десничарки планирале државен удар

0
By Ана Василевска on December 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот весник „Шпигел“, повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека 25-те приведени лица, кои се осомничени дека дејствувале од позиици на десничарски екстремизам планирале државен удар, што би се извел до упад во Бундестагот.

Како што се наведува, специјалните полициски сили ја спровеле операцијата „Соко-сенкс“ истовремено во 11 од вкупно 16 сојузни држави.

По наредба на сојузното Обвинителство засега се приведени вкупно 25 лица, кои се осомничени дека се членови или поддржуваат терористичката организација „Граѓани на Рајхот“.

Претресот е извршен во 130 куќи, канцеларии и други објекти.

Се нагласува дека планот на екстремистите бил да извршат вооружен напад врз парламентот и да ги држат во заложништво политичарите. Тие очекуваа дека некои делови од безбедносните структури ќе се солидаризираат со нив, што ќе овозможи државен удар.

Обвинителството соопшти дека меѓу приведените е и една руска државјанка.  Таа е осомничена дека посредувала меѓу лидерите на заговорот и претставници на Русија. Уапсените се осомничени дека се обиделе да воспостават врска со претставници на Русија, но не добиле поддршка, додаваат од Обвинителството.

Обвинителството истакна дека нема причина да се сомнева дека руските функционери ги поддржувале заговорниците.

Руската амбасада во Германија соопшти дека не е информирано дека меѓу осомничените за планирање државен удар во Германија има и руски државјанин.

Осомничените планирале да формираат привремена воена влада и да водат преговори со голем број земји.

Во рамките на операцијата учествувале  3.000 припадници на безбедносните служби кои извршиле претреси на 137 објекти во сопственост на 52 осомничени, додека 25 од нив се уапсени, пренесува германски „Билд“.

Билд објави дека мрежата е формирана околу принцот Хајнрих VIII, кој е класифициран како безбедносна закана за земјата и во моментов е во бегство, како и поранешната пратеничка на АФД и берлинска судијка Биргит М.В.

Двајцата наводно сакаат да ја сменат сегашната влада.

Клопчето наводно почнало да се одмотува кога истражителите влегле во трага на тајна организација од Хесен, кога во август 2022 година до властите било пријавено постоење на тајна „антиуставна група“.

Германија државен удар Шпигел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.