Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самитот во Тирана симболика и за Скопје

0
By Соња Крамарска on December 7, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
фото кредит: Atlantic Council
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 7, 2022 16:22

Самитот во Тирана заврши а регионалните и европските лидери ги сумираат впечатоците од средбите и изразените ставови. Денес, кога во Европа се води војна, да се соберат сите балкански и европски политички ѕвезди на едно место е порака сама за себе, а за Македонија и домаќинот Тирана е уште една доза на оптимизам дека деценискиот пат кон членство во ЕУ ќе израсне во автопат по кој ќе „возат“ побрзо.

ЕУ стави на маса пакет помош од една милијарда евра за земјите од Западен Балкан, за да можат на најсиромашните да им дадат помош за струја и греење и да инвестираат во обновливи извори на енергија.

Еди Рама, одлуките на Самитот ги нарече фантастични и историски.

Каде е во таквите констелации Македонија и дали може да сумираме дека одржувањето на самитот во Тирана е своевидна симболика и за Скопје?  Особено затоа што сите си заминаа дома со чувство на успешен самит, освен македонскиот премиер кому му падна најтешката задача во сложен политички амбиент да испорача уставни промени за кои се потреби 80 гласови во парламент кои засега ги нема. Тој навести дека во разговорите што ги имал во Тирана со францускиот и германскиот лидер, Макрон и Шолц, била опфатена и оваа тема.

„Со Макрон и со Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на Северна Македонија. Разговараме за актуелните процеси во земјава, посебно во делот на почнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме“, објави Ковачевски.

Предизвикот се уставните промени и променливиот амбиент по тоа прашање, особено во владејачката коалиција каде се присутни турбуленции во врска со гласањето.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји рече дека „на државите од Западниот Балкан им се нуди членство во ЕУ и тоа е причината зошто самитот се одржува во Тирана“. Премиерот на Албанија, Еди Рама, пак, ги пречека високите гости со албански песни и ора, но и со оперети и модерен танц, забележаа новинарите во еден несомнен опис на политичкиот, економски и културолошки скок што го направи Албанија во изминатата деценија и пол.

Спирос Софос, научен истражувач во Лондонската школа за економија во чиј фокус се и балканските состојби, во изјава за НоваТВ го оцени самитот во Тирана како прв надвор од Унијата чија цел била да даде конкретни сигнали наместо нејасни ветувања дека земјите од Западен Балкан се дел од процесот на европска интеграција. И дека ја остварил целта бидејќи дава нова надеж за забрзување на процесот за Албанија и Македонија.

„Ова ново ветување е производ на потребата на ЕУ да избегне руска инфилтрација во регионот. Тоа сугерира дека како што војната го прави Западен Балкан стратешки поважен, ЕУ сфаќа дека треба да биде поактивна и повеќе да реагира на земјите од Западен Балкан. Албанија и Македонија извлекоа корист од Самитот, додека  изостана вистинска практична заложба за Босна и Србија која останува растргната до каде сака да оди“, оценува Софос.

Во заедничката Декларација од Самитот се поздравува посветеноста на Западен Балкан за демократијата, фундаменталните права и вредности и владеењето на правото. Но, нагласено е дека се потребни одржливи напори за борба против корупцијата и организираниот криминал, зајакнување на поддршката за добро владеење, човекови права, родова еднаквост и правата на малцинствата. Македонија може да се пронајде во секоја од тие задачи, а најгорливата е последната – правата на малцинствата чие исполнување ќе го одреди патот по кој ќе се движи – дали ќе вози паралелно со Албанија или ќе заостане.

Регионалната соработка и добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на ЕУ имаат посебна точка во Декларацијата што произлезе од Тиранскиот самит, при што како значајно се наведува спроведувањето на билатералните договори, вклучувајќи ги Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Бугарија. „Потребни се натамошни напори за зајакнување на помирувањето и за регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување конечни, инклузивки и обврзувачки решенија за билатералните спорови и прашања кои имаат корени од минатото, во согласност со меѓународниот закон и воспоставените принципи“, пишува во текстот.

Учесниците ги поздравија и европските напори за дијалогот меѓу Белград и Приштина, и потсетија и дека пакетот за енергетска поддршка од една милијарда евра во грантови кои што можат да донесат инвестиции од 2,5 милијарди евра ќе му помогне на Западен Балкан за надминување на енергетската криза.

Значи и овојпат се во игра стапот и морковот.

Тоа може да се види и од првата позитивна вест од вчерашниот самит – договорот што го потпишаа телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и од Западен Балкан за намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот што ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година, а тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

Според Извршниот директор на Институтот Преспа Андреја Стојковски, средбата во Тирана беше извонредна можност за обнова на взаемната посветеност помеѓу ЕУ, 27-те држави членки и 6-те држави од регионот.

„Добра страна беше фактот дека за прв пат држава од регионот е домаќин на самитот, а далеку покорисно беше склучувањето на договорот за поевтин роаминг. Сепак, за целосен успех недостасува дебата и преземање конкретни обврски што ќе значат рокови за заокружување на проширувањето и конечен прием на сите држави од Западен Балкан“, изјави тој за НоваТВ.

Договорот го потпишаа десет оператори, речиси сите од регионот освен „Водафон“ и „Ипко“, и најголемите од ЕУ, како „Дојче Телеком“. Според еврокомесарот за проширување, Вархеји, потпишувањето на договорот за роамингот е токму она реалното и конкретното од интеграцијата на регионот во ЕУ и оти таквите активности дополнително ќе зајакнат наредниот период.

Известувачот на Дојче Веле Бернд Ригерт, во својата статија заклучи дека лидерите се собрале за уште еднаш да потврдат дека – на крајот, некогаш, сите балкански држави ќе бидат примени во ЕУ. Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен рекла, не по прв пат, дека брзината за зачленување зависи од самите кандидати.

С.Крамарска

 

Димитар Ковачевски Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.