НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на македонските писатели и Македонците во Србија го чествуваа Свети Климент Охридски во Белград

0
By Jane Gjorgioski on December 8, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во просторите на Здружението на писателите на Србија во Белград вечерва Македонците во Србија во организација на здружението Македониум, заедно со членови на здруженијата на писатели на Србија и на Северна Македонија, го чествуваа државниот празник Свети Климент Охридски, јави дописникот на МИА од Белград.

За ликот и делото на Св. Климент Охридски говореше претседателот на  Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Христо Петрески, кој за МИА изјави дека на ова чествување, покрај тоа што ќе се говори за заслугите на Св Климент како зачетник на Охридската книжевна школа, на преродбеничката мисија и неговата улога во свештенството како прв словенски епископ, тоа има големо значење и има симболика.

-Многу е битно што Македонците од Белград не го забораваат Св.Климент Охридски и што ги продолжуваа мостовите кои што постојат меѓу македонците во татковинатa и тие овде, но и двете писателски асоцијации кои што ја продолжуваат соработката која неодамна беше официјализирана со спогодба за соработка, и тоа на денешниот празник на Св.Климент Охридски, изјави Христо Петревски.

Тој информираше и дека е постигнат договор за формирање  асоцијација „Книжевност без граници“ или Отворен Балкан на културен план меѓу ДПМ и Здружението на писатели на Србија, и Здружението на писатели од Црна Гора, иницијатива во која е планирано да се вклучат и писателите од Албанија.

На чествувањето учествуваше и потпретседателот на Здружението на писатели на Србија, Видак Масловариќ, кој е воедно и уредник на престижната Трибина Француска 7.

Во рамките на програмата, новинарот Кирил Панов говореше за неодамна починатиот македонист проф. Радомир Ивановиќ, а беше споменато и барањето и потребата по повеќедецениска пауза на отвaрање на лекторат за македонски јазик во Србија.

Во културно уметничката програма  настапи пејачката група ,,Македониум” од Белград.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.