НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стано: ЕУ е загрижена за ситуацијата на Косово

0
By Соња Крамарска on December 9, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија е загрижена за ситуацијата на северот на Косово и многу внимателно го следи развојот на теренот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, нагласувајќи дека ЕУ повикува на одговорност и намалување на тензиите.

Притоа Стано одговори на прашањата на новинарите, како и на барање на агенцијата Бета да се произнесе за изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дека српските власти се блиску до одлуката за испраќање војска на Косово поради распоредувањето на косовската специјална полиција и заради заштита на српското население, врз основа на резолуцијата 1244 на ОН на Советот за безбедност.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, истакна дека тензијата мора да се намали пред се за доброто на локалното население во Косово и подвлече дека „мисиите ЕУЛЕКС и КФОР се на теренот вршејќи ја нивната улога како втора и трета безбедност и продолжуваат да патролираат и да ја следат ситуацијата“.

Стано ова го изјави како одговор на забелешката дека резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН е основа за мандатот на КФОР, како и како одговор на барањето да ја прокоментира изјавата на Брнабиќ дека властите во Приштина со испраќање специјална полиција на север ги прекршиле бриселскиот и кумановскиот договор.

Тој изјави дека „сега мора да се насочи вниманието кон нормализацијата на односите, што е од суштинско значење за европскиот пат на двете страни“.

Косово Петер Стано
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.