НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полиција повторно упадна во седиштето на Европскиот парламент, во тек е рација

0
By Ана Василевска on December 13, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Полиција во Брисел
Полиција во Брисел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полицијата во Брисел денеска започна нова серија рации поврзани со корупцискиот скандал поради лобирањето на Катар во ЕУ, потврди белгискиот федерален обвинител. Поради корупцискиот скандал веќе е уапсена една висока пратеничка во Европскиот парламент, потпретседателката Ева Каили, но сега постои можност истрагата да се прошири и на други лица.

Обвинителите потврдија дека досега претресле 19 резиденции и канцеларии, како и бројни пратенички кабинети. Уапсени се вкупно шест лица, а четворица се уште се наоѓаат во притвор. Во една хотелска соба во Брисел е запленет куфер полн со готовина во кој имало неколку стотици илјади евра, додека во една куќа биле откриени уште 600 илјади евра.

Обвинителите рекоа дека целта на најновите рации била брзо да се пронајде компјутерска опрема што ја користеле вработените во Парламентот, со цел да се спречи бришење на податоците. Тие потврдија дека четворицата осомничени кои се уште се во притвор ќе се појават пред суд в среда, пишува Политико.

Во скандалот се вмешани и Франческо Џорџо, партнер и советник на Каили во Парламентот, и Пјер Антонио Панцери, истакнат поранешен пратеник во Европскиот парламент, кој ја предводи невладината организација „Борба против неказнивоста“, која се фалеше со блиски врски со левичарски политички фигури.

„Експлозивните“ откритија го потресоа Брисел, а официјалните лица нервозно се прашуваат кој би можел да биде следниот. Темата доминираше и во денешните разговори низ ходниците на Парламентот во Стразбур, каде претседателката на парламентот Роберта Мецола вети дека ќе започне целосна истрага.

„Ќе се соочиме со овој тест директно, нема да има прошка. Никому!“, конкретна беше Мецола.

Брисел Европски парламент корупциски скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.