НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Во мојот анкетен лист е пријавен уделот на мојата сопруга во изградба на фотоволтаична централа

0
By Соња Крамарска on December 13, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Ковачевски денеска изјави дека во неговиот анкетен лист поднесен до Антикорупциската комисија уште пред да дојде на сегашната функција било пријавено дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа. Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тоа е инвестиција на неговата сопруга, за што вложила нејзини сопствени средства.

„Прво, тоа што беше објавено на еден портал, потоа беше преземено и од други портали, беше јавно достапен податок и може да се види од мојот анкетен лист каде што е пријавен уделот на мојата сопруга. Тоа не е сега, тоа е уште пред да стапам на функција како претседател на Владата. Согласно Закон за трговски друштва и согласно законските регулативи во државата секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства, како што таа има инвестирано свои сопствени средства и сето тоа е пријавено во сите надлежни институции, во Антикорупциска, со сите податоци и тие се јавно достапни“, рече Ковачевски.

Тоа, додаде тој, е нејзина инвестиција којашто ја има направено со свои сопствени средства.

„Без моја помош, зошто би имала моја помош да инвестира средства“, рече Ковачевски прашан дали таа тоа го направила без негова помош.

Ковачевски на прес-конференцијата одговарајќи на прашање во врска со корупцијата и соработката со САД, рече дека земјата има функционални институции и дека треба да се работи на сузбивање на корупцијата, како и дека во изминативе 30 години ние за тоа сме имале меѓународна помош. Ова, според него, е дел од една стратешка соработка што Северна Македонија ја има со САД.

„Ние на ова гледаме како на продолжување на партнерскиот однос којшто го имаме со САД со цел градење на држава која ќе стане земја членка на ЕУ, а со самото зачленување во ЕУ владеењето на правото и борбата против корупцијата се издигаат на највисоко ниво“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека во моментов во Европскиот парламент се води огромна антикорупциска истрага, каде што на дело се потврдува корупција и борба против истата во центарот на ЕУ.

Димитар Ковачевски сопруга Фотоволтаици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.