Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цивил до партиите: Обединете се за европската иднина – прифатете ја и споделете ја македонската верзија на ИНСИЕМЕ/ЗАЕДНО на Тото Кутуњо

0
By Ана Василевска on December 15, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 15, 2022 19:24

Цивил – Центар за слобода денеска им се обрати на политичките партии со повик да се обединат за европската иднина. Првиот чекор кон тоа обединување би бил симболичен – да ја прифатат и споделат македонската верзија на ИНСИЕМЕ/ЗАЕДНО од Тото Кутуњо, чија промоција се одржа на 13 декември.

Текстот на Повикот го пренесуваме во целост:

Ви се обраќаме како на политички лидери и претставнички и претставници на политичките партии во Република Северна Македонија, со повик за обединување околу националниот стратешки интерес – членство во ЕУ.

Без оглед на разликите во политичките програмски определби, без оглед на разликите во ставовите и честите препирки во јавноста, веруваме најголем дел од политичкиот естаблишмент во нашата земја се согласува барем во едно, а тоа е членството во ЕУ.

Северна Македонија долго чекаше на мигот кога ќе започне со преговори за полноправно членство во најмоќниот сојуз на демократските држави во светот – Европска Унија. Во таа определба, нашата земја ја ужива поддршката од најголемите и најсилните демократии во Европа и во светот.

Македонските граѓанки и граѓани заслужуваат да бидат дел од големото европско семејство. За да стасаме до целта побрзо, потребно е општествено-политичко обединување за македонската иднина во Европа.

По иницијатива на ЦИВИЛ – Центар за слобода, македонските ѕвезди деновиве создадоа македонска верзија од познатиот италијански хит „Инсиеме/Заедно“ со која Тото Кутуњо победи на Евровизија во Загреб 1990 година. За рекордно кратко време, со ретко виден ентузијазам и посветеност, македонските естрадни уметници го дадоа својот придонес – пееја за Европа.

Време е и политичките лидери да проговорат во еден глас – за Европа, за членство во ЕУ.

Првиот чекор може да биде да го споделите видеото „Инсиеме/Заедно“ и на тој начин да испратите порака до своите членови и до македонската јавност дека имате политичка волја сите ЗАЕДНО да ја поведете земјата кон ЕУ.

Да запееме ЗАЕДНО:

За нас, ти си наша сестра,
За нас, ти на небо си ѕвезда,
За нас, ангел во сонот ти си,
Insieme, unite, unite, Europe

За европска иднина на сите македонски граѓанки и граѓани.

Ви благодариме.

Со европски поздрав,

ЦИВИЛ

Европски интерграции Македонски музички ѕвезди Тото Кутуњо Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.