Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелацискиот суд за одлуката за Мијалков: Има неусогласеност меѓу пресудата и образложението, и меѓу утврдените факти и доказите

0
By Соња Крамарска on December 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 19, 2022 11:31

Советот на Апелацискиот суд Скопје информира дека првостепената пресуда за предметот познат како „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право.

Советот, како што е наведено во денешното соопштение од Апелацискиот суд, утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите.

„Предметот на Основен кривичен суд од Скопје е доставен на одлучување во Апелациониот суд Скопје, по поднесените жалби на ОЈО и на обвинетите, на ден 08.10.2021 година, кога согласно Автоматската распределба на предметите истиот е доделен на постапување на судија-известител. На ден 14.10.2021 година, предметот со сите списите е доставен до Вишото јавно обвинителство Скопје, заради разгледвуање и достава на предлог по повод изјавените жалби. На ден 30.11.2021 година списите на предметот се вратени во Апелационен суд Скопје, по што на ден 21.01.2022 година е издадена наредба за закажување на јавна седница за ден 07.03.2022 година“, се наведува во соопштението.

По одржаната јавна седница на ден 07.03.2022 година, како што велат од Судот, заради одлучување по жалбите, Советот на овој суд повеќе пати заседаваше со оглед дека се работи за сложен предмет, во кој има повеќе обвинети лица со повеќе кривични дела и обемен доказен материјал.

„Одлуката по предметот е донесена на нејавен дел од седница, на ден 05.12.2022 година, кога е составен и потпишан записник за советување, а со оглед дека спрема дел од обвинетите биле определени мерки за обезбедување присуство, советот на Апелациониот суд Скопје во смисла на член 436 став 5 од ЗКП, одлучи и по однос на мерката притвор односно куќен притвор спрема дел од обвинетите. По изготвувањето и верифицирањето на решенијата за мерката притвор односно куќен притвор, истите се доставени до првостепениот суд на понатамошно постапување и истиот ден е издадено соопштение за јавноста за донесената одлука“, стои во соопштението.

Имајќи предвид дека согласно Законот за управување со движење на предметите во судовите од 16.02.2020 година, се анонимизираат и објавуваат на веб сајтот на Судот, само правосилните одлуки, а во конкретниот случај како првостепената одлука е укината со Решение, Апелациониот суд Скопје, како што е наведено во соопштението, нема законска можност, неправосилните одлуки јавно да ги објавува на веб сајтот на судот.

Заради големиот интерес на јавноста, советот на Апелациониот суд Скопје, информира дека првостепената пресуда е укината поради сторени суштествени повреди на одредбите на постапката од член 415 став 1 точка 11, став 2 и став 3 од ЗКП како и повреди на кои судот внимава по службена должност во смисла на член 427 в.в. член 375 од ЗКП, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право.

Имено, внимавајќи по службена должност советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Ова особено што писмено изработената пресуда мора во целост да одговора на изреката што е внесена во записникот и затоа објавувањето на пресудата треба да биде јасно и прецизно односно јавно објавената изрека од пресудата треба да ги содржи сите потребни елементи од член 408 од ЗКП. Ваквата суштествена повреда е од апсолутен каратер и ја прави пресудата нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување, се додава во соопштението.

Воедно, како што посочуваат од Апелациониот суд Скопје, фактите кои што ги земал за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењета на вештите лица на Јавниот обвинител и одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и по однос на вредноста на уништената опрема.

„Иако Судот по службена должност внимава на роковите за застареност на кривичното гонење, со оглед на причините поради кои е донесена одлуката, не се впушти во мериторно одлучување по однос на застареност на дел од кривичните дела, која всушност и не настапила пред овој суд. Покрај наведените, советот утврди и други процесни повреди, за што овој суд детално образложение на сите причините ќе даде во писмено изготвената одлука, со соодветни напатствија до првостепениот суд“, се посочува во соопштението од Апелационен суд Скопје.

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе расправа по изнесените информации во јавноста за постапувањето на Апелациониот суд Скопје по предметот познат како „Таргет-Тврдина“, како и по други премети од интерес за јавноста кои се на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје.

Апелациониот суд Скопје, во петокот, ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“, и ја укина првостепената пресуда, а предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. Во образложението на Апелацискиот суд стои дека при разгледување на пресудата констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер.

За случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК,  Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица. На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

 

Апелациски суд Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.