Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одрон на патот

0
By Соња Крамарска on December 19, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 19, 2022 13:11

ЗОРАН ИВАНОВ

 

Ваков онаков, секаков, никаков, факт е дека СДСМ и овој пат ја турка земјава кон извесност.

Со нужното партиско дистанцирање поради професионални новинарски скрупули, а за потврда на горната констатација, еве факти:

Секогаш кога во овие изминати три декади, еве веќе и нешто долго, СДСМ е партијата, политичката сила, политичкиот фактор кој ја поттурнува државата Македонија од заглавувањето во сопствената кал. Од оние бездни во кои најчесто, поради некакви     популизми, а всушност, се потврдуваше, манипулации, и самите се втурнувавме. Попрецизно, во кои најчесто нè туркаа грабливи, корумпирани партиски водства.

Па, по ред, само онака, хронолошки површно:

1991-ва, СДСМ (СКМ-ПДП) е за референдумот. За волја на вистината, со задршка. ВМРО-ДПМНЕ против. Исто така, за волја на вистината, ВМРО-ДПМНЕ приоритетно посакуваше осамостојување на Република Македонија со изгласување декларација во народното собрание, повикувајќи се тогаш на хрватскиот пример. Но, им шепнаа странците дека Хрватска сепак во некој период била посебна држава, а Македонија не, па референдумот од некаков меѓународно правен аспект би бил целисходен и ВМРО-ДПМНЕ, што е право, право е, тогаш тргна во кампања тој да успее.

Понатаму:

1993-та, Македонија влегува во ООН. Со ФИРОМ. Со ФИРОМ, но во ООН. 181-ва рамноправна членка на светската заедница на држави. И тогаш СДСМ „за“, ВМРО-ДПМНЕ „против“.

Тоа против, баш фино, легитимно и согласно меѓународните правни стандарди. Но шансите за ООН со тоа нејзино „против“, никакви. Грчкото лоби во Њујорк пресилно за кревката и сè уште, како меѓународен субјект, недефинирана држава. Ја знаеја неизбежната потреба Македонија да не биде како Јужна Осетија или како Абхазија, на пример. Туку, да биде дел од светската заедница на држави. Па, сепак, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш изигруваше, само продаваше, патриотизам. За во ООН го бараа уставното име на државата, а како некој друг тоа да не го сакал.

Популизмот и тогаш, како и сега, за малку ќе нè доведеше во позиција, наместо членка на ООН, во тие тогашни турбулентни воени балкански времиња, воопшто и да опстанавме како држава. Ќе бевме како сè уште актуелните и меѓународно и не признати и недефинирани Јужна Осетија, или пак како Абхазија, на пример. Ќе бевме територија без дефиниција. Држава без европски, без светски првенства, без евровизија. Ниту држава ќе бевме, ниту бутур.

Понатаму:

1997-ма, т.н. „студентски протести“ под закрила на и тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Протести против албанскиот јазик на Педагошкиот факултет, а всушност и тогаш, како впрочем и сега, гола борба за власт. Но и тогаш, како што тоа ќе се случи и сега со ЕУ блокадата, времето бргу ги демантираше.

Не само на Педагошкиот и не само поради Рамковниот, туку поради општествените и националните потреби, оттогаш никнаа десетина универзитети на албански. Ете, толку од политичкото визионерство на ВМРО-ДПМНЕ. На партијата заспана во далечното минато, во историскиот ров од каде што, и да сака не, не може да ја види ниту македонската сегашност, а камо ли пак македонската иднина.

Понатаму:

2001-ва, тероризам, војна, конфликт, борба за права и еднаквост, што и да беше. Се стаса до Рамковниот. Сите „за“ само ВМРО-ДПМНЕ беше за – „не“. Си потпишаа и тие како „попче“ и, во својот партиски „патриотски“ манир, киднаа без поздрав.

Понатаму:

2018-та и Преспанскиот. Конечно, откако Грција во 1992, на самитот на ЕЗ (ЕУ) во Лисабон успеа европските партнери да ги „убеди“ од името на државата да ни го избришат нашиот елементарен државен, па и национален идентитет, да го избришат „Македонија“ и да не разобличат и како нација и како држава, конечно договор со Грција. Конечно и во ООН и воопшто меѓународно, сме Македонија. Не ФИРОМ и не фиромци. Северна, ама Македонија. И конечно и во ООН и Македонија и Македонци и јазик македонски. Но, и тогаш популистичката ВМРО-ДППМНЕ пак на сцена со антимакедонски, со  наметнат идентитетски отпор. Како идеолошка инерција или како вкоренета популистичка партиска матрица  да манипулира, сеедно, пак – против. Против „Северна“, а во превод, практично за „ФИРОМ. За „Поранешна“. За „Поранешна Македонија“. Поранешна.

Во меѓувреме, од криза во криза. Не само режим, туку и Пржино 1, па Пржино 2, па Пржино 2-а, па рушење режим со Шарена и „бомби“, па инцидентни избори и уште по инцидентно собрание, па пред тоа 24-ти декември, па години потоа и 27- ми април… И, зад сè, зад секоја од тие тоталитарни акции, кој друг, ако не ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму:

2022-ра, оваа, актуелна уште десетина дена. Почнува скринингот. Македонија, конечно, по близу две децении стапнува на ЕУ патот. Стапнува и – пак, кој друг, ако не ВМРО-ДПМНЕ, ја спрепнува на првиот чекор. Во партијата и самите не знаат зошто. Знае само нивното водство. Да дојде до фотелјите кои носат моќ и привилегии. Пак нешто мрмкаат без став, без дефиниции за тоа каде и како натаму. Цената, пак Македонија. И тоа, овој пат, европска и еве нè, откако ги пребродивме и Париз и Софија и Брисел, неочекувано или пак токму очекувано, пред внатрешна ЕУ пречка – ВМРО-ДПМНЕ.

Нам, на Македонците, на сите граѓани на Република Северна Македонија, ни останува обврската, пред сè, потребата, одронот да го расчистиме. Наспроти актуелното водство на ВМРО-ДПМНЕ, да го сториме тоа заедно со нивните партиски членови и симпатизери, со тамошните вистински родољуби. На избори или пред избори, сеедно, Европа чека на нас.

Татковината предолго е влечена наназад. „Војводите“ од ВМРО-ДПМНЕ, тие итри ненародни популисти, тие преправени патриоти, доволно, цели три децении, ги демонизираат македонските перспективи.

Македонскиот народ, граѓаните на Република Северна Македонија, актуелно во духот и на светското фудбалско, на лажливците, на манипулаторите со националните чувства, на маскираните, на лицемерите, конечно, треба да им го покаже црвениот картон и…

… од својот европски пат да го расчисти одронот олицетворен во ова актуелно водство на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Цивил Медиа

 

 

ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.