НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција: Нападот врз судиите е дефокус од потребите на правосудниот сектор

0
By Соња Крамарска on December 20, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на денешната седница, расправајќи за новонастанатата ситуација во Апелацискиот суд Скопје, а по повод конкретна судска одлука, повикува на воздржаност и професионално однесување на сите чинители на општествено политичкиот живот, особено носителите на јавни функции од сите власти.

Воедно ги повика надлежните судски власти, да ја разјаснат конкретната ситуација, согласно нивните законски овластувања и навремено да ги презентираат наоѓањата пред пошироката јавност, а во насока на намалување на шпекулациите, кои не го рушат само судскиот интегритет туку и севкупното функционирање и доверба во државните институци.

„Различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата само доколку секоја поодделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната уставна поставеност“, велат од Управниот одбор.

Управниот одбор најостро ги осудува нападите врз судиите од било која страна, вклучително и говорот на омраза, кој прераснува, велат, во хроничен дефокус од потребите и заложбите на правосудниот сектор.

„Од друга страна, Управниот одбор ги повикува судиите да го потврдат својот интегритет, преку нивните одлуки и секојдневно однесување, истовремено охрабрувјќи ги медиумите на сеопфатно и објективно пренесување на случајот, со цел овозможување соодветни предуслови за реална перцепција од страна на општата јавност“, се вели во реакцијата.

Апелациски суд Скопје Здружение на судии реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.