НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бек: Успех на чешкото претседателство е исчекорот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

0
By Ана Василевска on December 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Микулас Бек
Микулас Бек
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај војната во Украина и проблемите кои од тоа произлегоа, а со кои мораше да се справи чешкото претседателство со Европската Унија, чешкиот министер за европски прашања Микулас Бек оцени дека Чешка успеала во својот приоритет за постигнување напредок во проширувањето кон Западен Балкан, додека неуспех е влошената ситуација со илегалната миграција боз постигнување договор за реформа за одобрување азил.

„Воведена е нова динамика во процесот на проширување на ЕУ. Уште пред нашето претседателство, Украина и Молдавија добија кандидатски статус и ова е сигнал за напредок. Успеавме Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус за време на нашето претседателство“, рече Бек во интервју за агенцијата ЧТК.

Разочарување за чешкото претседателство било одбивањето на Австрија да им дозволи на Бугарија и Романија заедно со Хрватска да влезат во Шенген зоната.

„Тоа е едноставно сигнал што ги комплицира идеите за каков било предвидлив пат до Шенген зоната, бидејќи во случајот со Бугарија и Романија, Европската комисија заклучи дека тие ги исполнуваат сите критериуми. Тоа се заканува да го зголеми скептицизмот кај граѓаните на отфрлените земји кон ЕУ, што е и разочарување за сите други земји кои во иднина ќе се обидат да влезат во Шенген зоната“, рече Бек.

Чешкиот министер за европски прашања предупреди дека состојбата со илегалната миграција се влошува, а Чешка не успеа, како што се надеваше, дека ќе се постигне договор за барем делумни механизми за солидарност во миграциската криза до крајот на нејзиното претседателство, односно до крајот на оваа година.

„Ова не би значело обврзувачки квоти, туку би создало простор земјите кои се соочуваат со најголем број мигранти на своите граници да имаат поддршка од останатите. Дискусијата за ова не се одвива доволно брзо, позициите на земјите-членки исто така оддалечени .Секако, постои и огромен бизнис на шверцери на мигранти и бегалци, со кој многумина се занимаваат и немаме ефективни инструменти да го потиснеме“, рече Бек.

Чешка, исто така, за успех ги смета договорите со земјите од Западен Балкан за усогласување на нивните визни режими со Европската Унија и помош за сузбивање на миграцијата долж балканската рута.

ЕУ Микулас Бек Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.