Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови правосудни игри околу Мијалков, не го спроведоа на судење, делото пред застарување

0
By Соња Крамарска on December 22, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 22, 2022 13:12

Поранешната сива еминенција на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков, претпладнево повторно стана прва вест во медиумите. Иако на издржување казна затвор, што подразбира дека без проблем може да биде однесен на судско рочиште, тој не се појави на судењето за „Титаник 2“.

По бројните јавни реакции Управата за извршување санкции веднаш почна да врти телефони, и вети вонреден надзор над надлежните институции, заканувајќи се со казни за пропустот.

И што излезе?

Обвинетиот Сашо Мијалков не бил спроведен од струшкиот затвор на рочиштето за „Титаник 2“ бидејќи судот издал наредба за спровод на 12 декември, а не за 22 декември, изјави за А1 он директорот Ваљон Ќуља, прв човек во затворот во Струга. Тој е дециден дека грешката е во Кривичниот суд, односно судијата Огнен Ставрев, кој ја издава наредбата. Од Кривичниот суд тврдат дека нема грешка, а наредбата која ја издале е за денешното рочиште.

„Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено и потоа на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година.Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка.

„А1он“ се обрати до Кривичен суд за потврда на тоа дали е точна информацијата дека грешката е направена од страна на судијата Огнен Ставрев. Оттаму, посочуваат дека е побарано спроведување за денес 22 декември.

„На денешната главна расправа, судечиот совет пред странките ја прочита повратницата од Затворот Струга на која е наведено дека на 14.12.2022 година имаат примено наредба Основниот кривичен суд Скопје, за спровод на посоченото лице на денешната расправа“, велат од Кривичен суд.

Директорот на струшкиот затвор е дециден дека Мијалков ја издржува казната во установата и дека го почитува куќниот ред на затворот.

Судот, пак, на денешното рочиште тврдеше дека била испратена покана за денешното продолжение на судскиот процес „Титаник 2“, за злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија.

Во март или април, на Мијалков му застарува делото. Тоа значи дека денешната претстава можеби била наместена за да се купи време до застарување на случајот, односно да не се изрече пресуда во следните три и пол месеци додека да се случи застарувањето.

Во тој случај Мијалков ќе биде ослободен од кривично гонење, а другите обвинети во предметот не.

„Има уредна покана од судот за денешното рочиште. Зошто не дојде обвинетиот Мијалков, не знаеме, тоа допрва ќе се истражува“, изјавија од Кривичниот суд за Сакам да кажам.

Судот има повратница од затворот во Струга дека таму стасала судската покана за Мијалков кој треба да е таму на издржување на тригодишната затворска казна по признанието на вина во предметот „Империја“.

„Судиите што го водат процесот се јавија во затворот во Струга, од каде им одговорија дека не добиле наредба за спроведување на обвинетиот Сашо Мијалков. Но, судиите имаат повратница дека наредбата била примена уште пред осум дена, на 14.12.2022 година“, велат од Коалиција „Сите за правично судење“, кои таму беа присутни рано утринава.

На 8 март 2019 година Кривичниот суд го осуди поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков на три години затвор, а лидерот на ДПА Мендух Тачи на 3 години и 2 месеца во предметот. Бедредин Ибраими доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски 3 години, Сашо Срцев доби 3 години и Елизабета Стефановска, исто така, 3 години затвор.

затвор во Струга Кривичен суд Сашо Мијалков Случај „Титаник 2“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.