Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Дисциплинска постапка за обвинителките Рускоска, Трајчева и Јосифовска за случајот со Муареми

0
By Ана Василевска on December 23, 2022 НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 23, 2022 14:03

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште две обвинителки од тоа обвинителство.

Станува збор за Вилма Русковска, и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои од Суд барале наредба за претрес, под наводно лажни основи. Веста за ја потврдија и извори за НоваТВ.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при ЈОРМ, оценува дека постои основано сомнение дека трите обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда за намерна и неоправдана професионална грешка.

Комисијата сега треба да закаже седница на која ќе треба да бидат повикани обвинителките и подносителот на барањето обвинителот Љубомир Јовевски.

Јовевски го поднесе барањето за поведување дисциплинска постапка на обвинителките откако утврди нерегуларности во постапувањето  со екс – директорот на Финансиска, Арафат Муареми. Претставката до Јовевски беше поднесена од Управата за финансиска полиција односно екс директорот Арафат Муареми.

„Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство. Против ова решение на Комисијата не е дозволена жалба. Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе биде повикан подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог“, се вели во соопштението на ОЈО.​

А.В

Арафат Муареми Вилма Рускоска ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.