Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарите бесни поради изложба во Белград која ги портретира како историски ѕверови, кои вршеле геноцид во Македонија и јужна Србија

0
By Соња Крамарска on December 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 28, 2022 14:05

Во центарот на српската престолнина, во државниот Правен факултет во Белград, беше отворена „научна изложба“ која има за цел да го открие бугарскиот геноцид врз Србите, бугарските воени злосторства, како и бугарските масакри врз Србите во Македонија, јави дописникот на БГНЕС од српската престолнина. „Изложбата“ открива и за десетици илјади убиени и 60.000 депортирани од бугарските Срби, опиша репортерот на БГНЕС.

Ставајќи го зборот изложба во наводници кои значат оградување од неговото значење и кредибилност, бугарските новинари известуваат дека изложбата е отворена вчера и е насловена како „Бугарските воени злосторства во окупирана Србија 1915-1918 година“.

На презентацијата говор имал директорот на „Музејот за жртвите на геноцидот“ Дејан Ристиќ. Настанот беше поддржан од Министерството за култура.

„Со овој чин се потврдува државната идеологија на сатанизирање на се што е поврзано со Бугарија, која е на власт во Србија од крајот на 19 век“, констатира новинската агенција во својот напис.

Извештајот продолжува со ставање во наводници на „масовните и разновидни брутални злосторства извршени од бугарската регуларна армија, како и од полицијата и цивилните бугарски окупатори на територијата на Кралството Србија во периодот 1915-1918 година“.

„Според организаторите на ‘изложбата’, не постои меѓународно право и закон што Бугарите не ги прекршиле, па дури и Германците, кои официјално протестираа, биле шокирани од депортацијата на српското население“, пишува БГНЕС.

На отворањето на изложбата во Белград било речено и дека насекаде во Србија и Македонија на мета на Бугарите биле свештениците, учителите, професорите, политичарите, адвокатите, државните службеници, вклучително и пензионери, трговци, при што организаторите им поделиле на присутните и брошури.

БГНЕС понатаму изнесува и дека за Македонија во таа изложба се тврди дека злосторствата ги правеле месните македонски комитети кои биле поддржани од бугарската администрација и дека сето тоа имаше за цел „бугаризација на цивилното население во Македонија“ и „уништување на српската култура таму – забрана на српскиот јазик, конфискација на црковниот имот и градење на бугарски идентитет во Македонија“.

„Насекаде властите беа одговорни за грабежи, мачење, уцени и пред се силување жени“, откриваат откривачите на бугарските ѕверства, вели написот во БГНЕС ставајќи оградувачки наводници во зборовите „бугарски ѕверства“.

Според изложбата, тоа најчесто се случувало во Поречје во Македонија.

„Се уште не е јасен точниот број на жртви меѓу српското цивилно население под бугарска окупација, но едно е јасно, дека се работи за истребување и бугаризирање на јужна Србија и денешна Северна Македонија, пишувало во документите кои биле дистрибуирани на Правниот факултет во Белград, јавува БГНЕС во циничен тон ставајќи го во наводници и зборот „документи“, со цел да ја опише изложбата како произволна и паушална која не се темели на историски податоци.

Бугарија изложба во Белград Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.