НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од госпел до панк, „Ролинг стоун“ објави листа од 200 најголеми пејачи на сите времиња, Присли, Ленон, Синатра…

0
By Ана Василевска on January 3, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Елвис Присли
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Култното списание „Ролинг стоун“ објави листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња – „вокалисти кои ја обликуваа историјата и ги дефинираа нашите животи – од госпел до панк“, како што се вели во написот.

„Кога ’Ролинг стоун‘ првпат ја објави својата листа на 100 најдобри пејачи во 2008 година, користевме подробен процес на гласање што ги вклучуваше мислењата на познатите музичари. Резултатите ги фаворизираа класичниот рок и пејачите од 60-тите и 70-тите. Оваа нова листа, составена од страна на нашите вработени и клучните соработници, опфаќа 100 години поп-музика како тековен разговор на светско ниво, при што легендарната индиска пејачка Лата Мангешкар ‘слетува’ меѓу Ејми Вајнхаус и Џони Кеш, а кралицата на салсата – Селија Круз го наоѓа своето место пред Принс и Марвин Геј. Можеби ќе забележите дека, да речеме, нема никој од светот на операта на нашата листа – тоа е зашто нашата задача е поп-музиката, што значи дека скоро сите уметници на оваа листа имале значајни кариери како ѕвезди, успешни во повеќе области, кои создаваат популарна музика за широките маси“, се наведува во написот.

Во влијателното списание се истакнува и дека ова е список на најголеми пејачи, а не најдобри гласови.

„Талентот е импресивен… Генијот е трансцендентен. Се разбира, многу луѓе овде се родени со големи гласови, совршен тон и безграничен опсег. Други имаат погруби, почудни или понежни ’инструменти’ т.е. гласни жици. Како што вели нашата статија за човекот кој заврши на број 112, ’Ози Озборн го нема она што повеќето луѓе би го нарекле добар глас, но тој има одличен глас’. Тоа би можело да важи за повеќе луѓе на списокот“, се наведува во воведниот дел.

Како што се вели, на составувачите најважни им биле оригиналноста, влијанието, длабочината на нивниот музички опус и широчината на нивното музичко наследство.

„Гласот може да биде убав како оној на Мараја Кери, лут како оној на Тутс Хиберт, недооценет како оној на Вили Нелсон, мазен и буен како оној на Д’Анџело или цврст како оној на Боб Дилан. Но, на крајот, пејачите кои стојат зад тоа се тука поради една причина – тие можат да го преправат светот само со отворање на устата“, се заклучува во воведното обраќање.

Следат 20-те најголеми пејачи на сите времиња, според списанието:

1. Арета Френклин
2. Витни Хјустон
3. Сем Кук
4. Били Холидеј
5. Мараја Кери
6. Реј Чарлс
7. Стиви Вондер
8. Бијонсе
9. Отис Рединг
10. Ал Грин
11. Литл Ричард
12. Џон Ленон
13. Петси Клајн
14. Фреди Меркјури
15. Боб Дилан
16. Принс
17. Елвис Присли
18. Селија Круз
19. Френк Синатра
20. Марвин Геј

Целата листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња може да се најде на интернет-страницата на „Ролинг стоун“.

Елвис Присли Ролинг Стоун Френк Синатра Џон Ленон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.