НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Алтернатива“: Влеговме во власта за евроинтеграцијата, а не за предвремени избори, уставните измени да се реализираат

0
By Соња Крамарска on January 4, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Алтернатива стана дел од власта со писмен договор, чија прва точка е деблокирање на евроинтеграцискиот процес и започнување на преговорите со Европска унија. Затоа, како партија веруваме дека во оваа година сите политички и државни капацитети треба да бидат концентрирани во реализација на превземената обврска за уставни измени“, порачаа денес од партијата „Алтернатива“.
Започнувањето на суштинските преговори со ЕУ значи поинтензивна динамика на реформи и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, велат од оваа партија.
Но се додава и дека „Алтернатива“ е посветена, покрај исполнувањето на обврската за признавање на бугарското малцинство и замена на дефиницијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ со „албански јазик“, да се направи и важен чекор во борбата против политичката корупција.

„Затоа, предложивме уставен амандман за санкционирање на корупцијата на високо ниво, за што бараме поддршка од внатрешни и меѓународни фактори“, објавија во денешното соопштение.

„Земјата успешно се справува со енергетската криза, обезбедувајќи непрекинато снабдување со електрична енергија и не дозволувајќи енормно поскапување, што беше една од нашите значајни определби во договорот за учество во владата.
Се обидуваме да постигнеме договор за изградба на нов Клинички центар, со уникатен модел на финансирање предложен од нашиот Министер за здравство.
Посветени сме за реформирање на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги, олеснувајќи ги административните обврски за граѓаните“, додаваат во соопштението.
„2023-та година е година на уставните измени и на сериозна работа и проекти. За ‘Алтернатива’, предвремените парламентарни избори во овој период би биле губење време и непотребен трошок во буџетот, имајќи предвид дека следната година секако е година на парламентарни и претседателски избори“, сметаат од оваа партија.

Алтернатива предвремени избори уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.