Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британците не успеаја да го лансираат првиот сателит од европско тло, ноќеска пропадна обидот

0
By Соња Крамарска on January 10, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 10, 2023 09:54

Првиот обид за лансирање на сателит од Велика Британија не успеа ноќеска нешто пред полноќ, кога компанијата за лансирање Virgin Orbit извести за „аномалија“ што ја спречи ракетата да стигне до орбитата.

Како што пренесува Јутарњи лист, мисијата Start Me Up полетала од пистата на аеродромот во Корнвол Њукеј со ракетата на Virgin’s LauncherOne, која била носена под крилото на модифицираниот Боинг 747 и подоцна пуштена над Атлантскиот Океан.

Но, непосредно пред полноќ, претставник на Virgin Orbit во живо објави дека ракетата претрпела „аномалија“ што ја спречила да стигне до орбитата.

„Изгледа дека имаме аномалија што не спречи да стигнеме до орбитата. Информациите се проценуваат“, соопшти Virgin Orbit.

Ракетата требаше да го запали моторот на височина од околу 10 илјади километри над Атлантикот и да однесе девет мали сателити од различни цивилни и одбранбени апликации во орбитата на Земјата.

Британската управа за цивилно воздухопловство (CAA) ја овласти Virgin Orbit, во сопственост на милијардерот Ричард Бренсон, да го изврши првото британско лансирање во вселената.

Околу 22 часот и 15 минути, стотици луѓе го следеа полетувањето на Боинг 747 со ракета во Њукеј, додека песната „Start Me Up“ на Ролинг Стоунс, по која беше именувана мисијата, се огласи од звучниците.

Тоа требаше да биде прв пат сателити да бидат лансирани од Европа.

Неуспехот задава дополнителен удар на европските вселенски амбиции откако италијанската ракета Вега-Ц мисија не успеа по полетувањето од Француска Гвајана кон крајот на декември.

Велика Британија сателит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.