НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Не можам да тврдам дека туѓа агенда стои зад опозициското противење за промена на Уставот

0
By Ана Василевска on January 12, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Стево Пендаровски
Стево Пендаровски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ние имаме реторички консензус за членство во ЕУ, но реално немаме национален консензус или не под овие услови со оваа преговарачка рамка да продолжиме кон ЕУ. Прв услов е промената на Уставот“, одговори претседателот Пендаровски по настанот организиран во Клубот на пратеници од Советот на амбасадорите. на прашање од Фронтлајн – дали во Северна Македонија има консензус за членство во ЕУ.

Прашан дали тој може да помогнете со медијација да се дојде до таков консензус, Пендровски вели дека  позициите на опозициските партии се толку вкопани така што не гледа маневарски простор дека тој може да помогне.

За непомирливите ставови на опозицијата и дали препознава во позадина туѓа агенда, Пендаровски вели дека не може да шпекулира и дека нема таква информација за да тврди дека зад ваквиот тврд став на опозицијата стои некоја туѓа агенда.

Фото: Фронтлајн

Денеска во Клубот на пратеници се одржува Амбасадорска тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година“, во организација на Советот на амбасадори.

На тркалезната маса, како што е најавено, освен Пендаровски ќе се обратат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, евроамбасадорот Дејвид Гир,  амбасадорите на Шведска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка и Романија, заменик-шефот на мисија од Амбасадата на САД, како и поранешните амбасадори Александра Наќева-Ружин, Зоран Јолевски, Ивица Боцевски и Тихомир Илиевски и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Целта на настанот е размена на мислења во врска со евроинтегративниот процес на земјата и
регионот на Западен Балкан, како и по однос на најдобрите европски практики и домашната
реформска агенда на полето на борбата против корупцијата, со што Советот на амбасадори
дава свој придонес кон овозможување на поширока општествено-политичка дебата по однос
на овие значајни прашања, информира организаторот.

Амбасадорската тркалезна маса е годишен, настан на Советот на амбасадори, организиран под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Љубиша Николовски

Извор Фронтлајн

ЕУ Стево Пендаровски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.