НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хаџи Јанев: НАТО мора одлучно да ја брани поставената црвена линија и да ѝ помогне на Украина да извојува победа

0
By Соња Крамарска on January 17, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мора да бидеме искрени и да кажеме дека НАТО преку земјите членки, не директно како организација и до сега даде сериозна помош во Украина. Таа помош беше пресудна во неколку наврати, најрвин беа тоа Бајрактар беспилотните летала, па Џевелините, па Химрас системите и сл. кои правеа пресврти во однос на инцијативата на теренот, вели професорот по безбедност, Методи Хаџи Јанев за „Локално“ во однос на последниот развој на настаните во руско-украинскиот конфликт и најавата за испорака на тешко вооружување за потребите на украинската војска.

Според него, тоа се одрази на борбениот ритам и на динамиката со која Украина ја бранеше територијата.

„Русија која не е за потценување успеваше да се адаптира и она што сега го гледаме е примена на стратегија на масовно разорување и тотална девастација на критичната инфраструктура, која има за цел да ги неутрализира критичните побарувања, и способности на украинската одбрана. Покрај останатото, и да го натера населението да создаде отпор. За волја на вистината засега тие само ја зајакнуваат решеноста на населението за отпор, дали тоа ќе остане така ќе треба да видиме. Она што е актуелно се тенковите и потребата од нив. Додека многумина, па дури и одредени експерти кај нас, вклучително и поранешни министри за одбрана сметаа дека тенковите се минато, сега гледаме дека не е така. НАТО е тој кој смета дека тенковите ќе дадат сериозна ударна моќ и капацитет за маневар на украинските сили на отпорот за оттурнување на руската агресија“, вели Хаџи Јанев.

Тој сепак смета дека тоа може да биде меч со две острици ако не се синхронизира како што треба на терен.

„Тоа е од причина што логистички може да создаде кошмар, не само во снабдување со муниција, туку и со одржувањето. Ритамот кој сега е присутен на терен, најверојатно ќе се зголеми што ќе го зголеми и темпото на дејствата што може да биде проблем ако нема доволно средства за одржување на овие ресурси. Дополнителен проблем е бројката. За Украина да може да се спротивстави на Русија, потребни се голем број на тенкови. Бројката која од прилика се проценува дека може да ги задоволи иницијалните потреби засега не е произведена. Со други зборови, на добавувачите од наменската индустрија од ЕУ им е потребно време, или во перспектива најрано што може да се испорачаат е 2024 година. Следен проблем е водството на Германија. Шолц не е убеден дека Германија треба да дозволи испорака на ‘Леопарди’. Тоа заради регулативите и меѓународните механизми ги спречува и оние армии кои имаат вакви тенкови, но и волја да ги испорачаат, да не може да ги испорачаат. Така што, сето тоа ја комплицира ситуацијата на терен, што уште еднаш покажува слабости на либералното водство кои мора да се надминат преку поголема флексибилност, и прагматичност. Дали и тоа ќе се случи исто така ќе треба да видиме“, анализира професорот.

За актуелната ситуација на терен, Хаџи Јанев вели дека Русија е сила сама по себе, додека Украина со помош на НАТО и ЕУ земјите членки има сериозен капацитет и арсенал, но и волја кај населението и вооружените сили да ја одбрани територијата.

„Во секој случај ситуацијата е крајно тензична и во иднина ќе бидеме сведоци на масовни разорни операциии во кои ќе има голема, не само воено материјална туку и цивилна штета, но за жал и жртви на двете страни“, укажува соговорникот.

Професорот ги прокоментира и заедничките воени вежби на Белорусија и Русија.

„Опасноста од тоа не е од сега. Сепак, наративот во високите руски кругови станува поостар и со тоа растат можностите од поголема ескалација. Последното е особено во контекст на доставата на оружје конкретно тенкови за кое Москва смета дека тоа ќе и даде за право да цели на секоја пратка било каде и да се наоѓа – значи надвор од територијата на Украина. Тука е и воздржаноста на Шолц, бидејќи тој смета дека ескалација помеѓу Русија и НАТО нема да му користи никому. Сепак, постојат и такви ставови според кои со Москва не може да се преговара и не може да и се верува. Затоа е потребно да се еродира целата моќ на Москва да продолжи да проектира моќ со која се заканува на соседите и на целиот регион, но и на Европа. Според овие видувања, НАТО мора одлучно да ја брани поставената црвена линија и да и помогне на Украина да извојува победа“, посочува Хаџи Јанев.

Извор: Локално

анализа Методи Хаџи Јанев Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.