Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лајен во Давос го најави Зелениот индустриски план

0
By Ана Василевска on January 17, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 17, 2023 15:13

Европската комисија има зелен индустриски план што ќе ја направи Европа дом на чиста технологија и индустриски иновации, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во својот говор на Светскиот економски форум во Давос.

Имаме план, Зелениот индустриски план, кој ќе ја направи Европа дом на чиста технологија и индустриски иновации на патот кон нула емисии на јаглерод диоксид, посочи Лајен.

Тој план треба да претставува дел од европскиот одговор на американската програма за субвенции и даночни олеснувања во областа на зелената технологија.

Американскиот закон за намалување на инфлацијата (ИРА) предвидува пакет од 369 милијарди долари за субвенции и даночни олеснувања за производи како што се електричните возила, под услов да се произведуваат на американска територија. Во Европска Унија стравуваат од евентуалниот повлекување на инвестициите и преместување на производството од Европа во САД.

Лајен посочи дека Зелениот индустриски план се потпира на четири столба: регулирано опкружување, финансирање, вештини и трговија.

„Треба да создадеме регулирно опкружување кое ни овозможува брзо проширување и создавање поволни услови за секторите што се клучни за постигнување на целта за нула нето емисии. Тие вклучуваат енергија од ветер, топлински пумпи, чист водород и складирање“, наведе Лајен.

За таа цел, ЕК ќе предложи нов закон за индустрија со нула емисии на стакленички гасови по моделот на законот за полупроводници.

„Новиот закон за индустријата со нула емисии ќе идентификува јасни цели за чистата технологија во Европа до 2030 година“, истакна Лајен.

Таа додаде дека целта на овој закон ќе биде да се насочат инвестициите во стратешки проекти низ целиот синџир на снабдување, како и дека приоритет ќе биде како да се поедностави и забрза издавањето дозволи за производство на чисти технологии.

Паралелно, ЕК ќе проучува како да се забрза одобрувањето на важни проекти за чиста технологија од заеднички европски интерес, како да се олесни финансирањето и да се поедностави пристапот на малите бизниси и на сите земји-членки до овие проекти.

Како дел од вториот столб на Зелениот индустриски план, ЕУ има намера да ги зајакне инвестициите и финансирањето на производството на чиста технологија. Во таа насока, ЕК ќе предложи привремено адаптирање на правилата за државна помош.

Тие вклучуваат даночни олеснувања и насочена помош за производство во стратешки важниот синџир на чиста технологија за да се спротивстави на ризиците од преместување на производните капацитети во трети земји поради странски субвенции.

Сепак, Лајен истакнува дека ЕК е свесна дека државната помош не може да биде целосно решение бидејќи само неколку земји-членки имаат доволно фискален капацитет да ја субвенционираат индустријата, што потоа би довело до фрагментација на внатрешниот пазар. Затоа, неопходно е да се зајакне финансирањето на ниво на ЕУ за да се избегне фрагментација на единствениот пазар и да се поддржи транзицијата во сите земји-членки, а не само во некои.

Ќе обезбеди структурно решение за зајакнување на ресурсите за истражување, развој и стратешки индустриски проекти, кои се клучни за постигнување нула емисии. Но, бидејќи ова ќе потрае некое време, ќе разгледаме решение за да обезбедиме брза и насочена поддршка онаму каде што е најпотребно, посочи Лајен.

Таа за третиот столб на Зелениот индустриски план го посочи „развојот на вештините, бидејќи и најдобрите технологии важат само доколку има квалификувани луѓе кои се способни да управуваат и да ги користат“.

Лајен како четвртиот столб го посочува олеснувањето на еднаква и отворена трговија, од која корист ќе имаат сите. Затоа, ЕУ ќе се залага за трговски договори со земји како Канада, Велика Британија, Мексико, Чиле, Нов Зеланд и Австралија.

Давос Европска комисија зелен индустриски план Зелени политики Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.