НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Европските пазари повеќе не се недостижни за македонските компании

0
By Ана Василевска on January 23, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Јас сум човек кој сака да сведочи на успешни бизниси, стратегии, иновативност, посветена работа, да сведочи на напредок, на успешно менаџирање, развој на нови бизнис идеи“, рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Метро“.

„Денеска сум во посета на две компании кои се незаменливи во работата што ја извршуваат,  тие успеале да ги искористат средствата преку ИПАРД Програма и да го развијат и унапредат својот бизнис. Компанијата „Метро“, која се занимава со трговија на големо и мало со производи од свежа и замрзната риба, како и купување, складирање и продажба за овошје и зеленчук изминативе 5 години значително работи на проширување на асортиманот и партнерската мрежа во околните држави со цел зголемување на извозот на нивните производи. За истиот овој период компанијата неколкукратно го зголемила извозот во регионот. Оваа семејна компанија денес има 77 вработени и нејзиниот раст и развој многу значи за економијата на нашата држава“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека ќе посети уште една компанија, како што вели, со визија како да искористи средствата од ИПАРД програмата.

„Компанијата „Фор Лејди“ која се занимава со производство на текстилни производи пред се на чорапи започнале проект за развој на иновација и трансформација на бизнис моделот од линеарен во циркуларен. Машините кои ги обезбедиле преку ИПАРД, го зголемиле капацитетот и квалитетот на нивното производство, имаат и дополнителен импакт во поризводствениот процес, односно ја исфрлаат употребата на пластика и користат енергетски ефикасни машини и заштедуваат енергија“, истакна Ковачевски.

Премиерот уверува дека Владата прави сѐ за европските пазари повеќе да не се недостижни за нашите компании, па така, со мерките и стратегиите кои ги спроведува создава услови европските земји да се потенцијал за создавање нови партерства со компаниите од нашата земја.

„Така вложуваме во економски раст, така ја правиме конкурентна и работната сила од нашата земја. Тука во „Метро“ се инсталирани со ИПАРД програмата машини без кои не би можело да се замисли извозот на голем број прехранбени производи произведени во нашата држава меѓутоа и пакување и извоз на други производи кои се увезуваат во странство кои што тука се преработуваат, пакуваат и се извезуваат во околните и европските земји. На тој начин правиме младите кои работата во наште домашни компании, нивното знаење, креативност, стручност и експертиза да биде препознаено и ценето на меѓународните пазари“, заклучи Ковачевски.

Димитар Ковачевски ИПАРД програма македонски компании
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.