НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен: Ќе се бори против Стефанос Циципас за својата јубилејна 10-та титула

0
By Соња Крамарска on January 27, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на Австралија опен каде за својата 10-та јубилејна титула во Мелбурн ќе се бори со грчкиот тенисер Стефанос Циципас, а кој и да победи на тој меч ќе биде новиот тениски број 1.

Ѓоковиќ се пласираше во борбата за титулата на првиот Грен слем сезонава, откако триумфираше над aмериканецот Томи Пол во три сета – 7:5, 6:1.

Петтиот тенисер на светот првата сет-поен ја имаше против својот ривал по 35 минути игра, а следниот, кој подоцна успеа да го искористи, дојде дури по 25 минути, додека aмериканецот во меѓувреме блескаше. Тоа беше и единствениот дел од натпреварот во кој имаше неизвесност околу резултатот. Се останато беше брутална доминација на Ѓоковиќ.

Сепак, тоа не значи дека Пол одигра лошо, уште повеќе, се чини дека никогаш не одиграл подобар натпревар, Новак го извлече најдоброто од него, но и тоа не беше доволно за да направи големо изненадување.

Ѓоковиќ ја продолжи серијата успеси во Австралија, каде нема пораз од 2018 година, оствари 27 врзани триумфи на првиот Грен слем сезонава и со тоа го собори рекордот на легендарниот Андре Агаси.

Она што е исто така многу важно пред финалниот дуел против Гркот е тоа што Ѓоковиќ не се задржа предолго на теренот, што значи дека не ја оптовари премногу повредената нога, што не му направи премногу проблеми денеска. Во само неколку наврати најдобриот српски тенисер се фаќаше за тој дел од телото, еднаш или двапати паузираше потпрен на рекетот и толку.

Сигурно ќе му биде потешко во финалето отколку денеска, бидејќи и Циципас е подобар ривал од американецот Пол, па играта на Новак ќе мора да биде на многу повисоко ниво. Сепак, деветкратниот победник на Австралија опен има два и пол дена пред себе да одмори и да се подготви за дуелот против ривалот што го доби во финалето на Ролан Гарос иако губеше со 0:2 во сетови.

 

Австралија опен Новак Ѓоковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.