Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Џаин: Континуирана поддршка од Шведска за интеграција на Западен Балкан во EУ

0
By Ана Василевска on January 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Средба Џаин-Османи
Средба Џаин-Османи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 27, 2023 15:19

Актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Северна Македонија со ОБСЕ беа меѓу темите за кои денеска на средба разговараа министерот за надворешни работи Бујар Османи и шведската амбасадорка во земјава, Ами Ларсон Џаин.

Како што соопшти МНР, Османи и Џаин разговараа за зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба во Европа, за шведското претседавање со Меѓународна алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА) и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и за најновиот развој на состојбите во Југоисточна Европа.

„Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ Тројката. Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на Западен Балкан во целина во EУ“, се наведува во соопштението на МНР.

Шефот на дипломатијата потсети дека при последното претседавање на Шведска со Советот на ЕУ, во втората половина на 2009 година, нашата земја ја доби визната либерализација и првата препорака на Европската комисија за почеток на пристапните преговори.

Притоа тој изрази уверување дека „со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати, сегашното претседавање на Шведска, исто така, ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја“.

„Во актуелниот европски безбедносен контекст, беа разменети мислења за текот на активностите во насока на заокружување на процесот за полноправно членство на Шведска во НАТО, при што беше заемно констатирана важноста овој процес да се заокружи што побрзо со цел зацврстување на стабилноста и безбедноста на европскиот континент“, наведува Министерството за надворешни работи.

Бујар Османи ЕУ- Западен Балкан МНР Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.