НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган: Турција би можела да одобри влез во НАТО на Финска, но не и Шведска

0
By Ана Василевска on January 30, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Реџеп Тајип Ердоган
Реџеп Тајип Ердоган
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа навести дека Турција може да го одобри приемот на Финска во НАТО, но не и на Шведска.

„Доколку е потребно, можеме да дадеме поинаква порака за Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе дадеме поинаква порака за Финска, рече шефот на турската држава за кандидатурата на двете нордиски земји за членство во НАТО“, одговарајќи на прашање за време на средба со млади.

Со оваа изјава Анкара првпат навестува дека е подготвена да ја третира кандидатурата на Финска одделно од кандидатурата на Шведска.

Турција во вторникот го блокираше пристапувањето на Шведска и Финска во НАТО, одложувајќи го на неодредено време трипартитниот состанок првично закажан за почетокот на февруари, кој требаше да ги отстрани приговорите на Анкара за нивната кандидатура.

Турскиот претседател во понеделникот предупреди дека Шведска, која Турција веќе ја обвини дека засолнува курдски „терористи“, повеќе не може да смета на „поддршката“ на Анкара откако екстремно десничарски активист запали копија од Куранот во Стокхолм.

Без да го спомене овој настан, турскиот претседател, сепак, ги повтори своите приговори за Шведска во однос на барањата на Турција за екстрадиција на Курдите.

„Им рековме: „Ако сакате да влезете во НАТО, мора да ни ги вратите тие терористи“. Им дадовме список од 120 луѓе (…) Но тие ни се смеат и се повикуваат на нивниот Устав“, рече Ердоган.

Фактот дека антиисламски десничарски екстремист минатата недела запали Куран во близина на турската амбасада во Шведска предизвика силни протести на Анкара и муслиманскиот свет, а Анкара веќе ја откажа најавената посета на шведскиот министер за одбрана.

Стокхолм го осуди палењето на Куранот како чин на „длабоко непочитување“ и изрази „сочувство“ за муслиманите, истакнувајќи дека шведскиот Устав спречува забрана за такви дела, но тоа не го смири турскиот гнев.

Заедничкиот влез во НАТО на двете нордиски земји останува „првата опција“, но „очигледно треба да ја процениме ситуацијата, ако нешто се случило што би значело дека долгорочно Шведска веќе не може да оди напред“, изјави во вторникот шефот на Финската дипломатија, Пека Хаависто, но дополнувајќи дека „премногу е рано да се заземе став“.

До неодамна, Хелсинки одбиваше да шпекулира за приклучување без Шведска, укажувајќи на предностите од заедничкото членство со својот многу близок сосед.

Турција од мај ги блокира Шведска и Финска да пристапат во НАТО обвинувајќи ги дека засолнуваат курдски екстремисти и симпатизери кои ги опишува како „терористи“, особено оние од Курдската работничка партија (ПКК), која и во САД и во  ЕУ е на листата на терористички организации.

За разлика од случајот со Шведска, Турција во последните месеци изјави дека нема големи забелешки за влезот на Финска во НАТО.

НАТО Реџеп Тајип Ердоган Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.